Овес (род)

род на житни растенија
Овес
Див овес (Avena fatua)
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Нерангирано:Монокотиледони
Нерангирано:Комелиниди
Ред:Тревовидни
Семејство:Треви
Потсемејство:Ливадарки
Род:Овес
L.
Видови

околу 33, во текстот

Овес (науч. Avena) — род на растенија од семејството треви (Poaceae) со 33 вида[1] (вкл. два хибрида). Се одгледуваат илјадници години како храна за луѓето и животните.[2] Застапени се ширум Европа, Азија и северозападна Азија. Неколку вида се одомаќинети во многу делови на светот, каде важат за инвазивни кога растат заедно со други култури. Сите видови овес имаат јадливи семки, макар што кај повеќето семињата се мошне мали и тешки за вршење.

Видови

Домашни видови

Еден од домашните видови претставува значајна житарка. Останатите четири се житни култури од помало или месно значење.

  • Avena sativaовес, домашен овес; житарка од голема важност во целиот свет.
  • Avena abyssinica — етиопски овес; од висорамнинските краишта на Етиопија.[3]
  • Avena byzantina — цариградски овес; блискоисточен вид од помало стопанско значење.
  • Avena nuda — гол овес; имал поголема важност во минатото, пред да биде заменет со денешниот домашен овес. Денес е позастапен (особено во органското земјоделство) бидејќи е побогат со хранливи состојки од домашниот овес.
  • Avena strigosa — четинест овес; сточна храна во делови на Западна Европа и Бразил.

Диви видови

Дивите видови овес се штетни корови кога растат заедно со житни култури. Тешко се искоренуваат по хемиски пат, бидејќи обичните хербициди ги убиваат и другите житни култури заедно со нив. Поради тоа се користи посебен вид на хемикалија, која е скапа и треба да се применува долго време (семките знаат да бидат во мирување по 10 години).

  • Avena barbata — брадест овес
  • Avena brevis — краток овес
  • Avena fatua — див овес
  • Avena maroccana — марокански овес
  • Avena occidentalis — западен овес
  • Avena pubescens — кадрав овес
  • Avena pratensis — ливаден овес
  • Avena spicata — шилест овес
  • Avena sterilis — јалов овес

Поврзано

Наводи

  • Quinion, Michael (1999): World Wide Words: Sow one's wild oats. Web posted 1999-NOV-27. Retrieved 2007-OCT-17.
  • Zohary, Daniel & Hopf, Maria (2000): Domestication of plants in the Old World (3rd ed.). Oxford University Press.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица