25 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

25 септември — 268-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(269-и во престапна година). Остануваат 97 денови до крајот на годината.

Настани:

1493 Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет.
1513 Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан.
1555 Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките.
1825 Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
1940 Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946 Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990 Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
1999 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.

Родени:

1599 Франческо Боромини — италијански архитект.
1744 Фридрих Вилхелм II — пруски крал.
1866 Томас Хант Морган — американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година.
1896 Сандро Пертини — италијански политичар, адвокат и новинар.
1897 Вилијам Фокнер — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1899 Лео Јунек — хрватско-француски сликар.
1903 Марк Ротко — американски сликар.
1944 Мајкл Даглас — американски глумец и филмски продуцент.
1951 Боб Макаду — американски кошаркар и тренер.
1955 Карл-Ханјц Румениге — германски фудбалер.
1961 Хедер Локлир — американска глумица.
1965 Скоти Пипен — американски кошаркар.
1968 Вил Смит — американски глумец, продуцент и пејач.
1969 Кетрин Зета Џонс — британска глумица.
1975 Сергеј Тетјухин — руски одбојкар.
1977 Риналдо Ночентини — италијански велосипедист.
1979 Микеле Скарпони — италијански велосипедист.
1984 Златко Хорват — хрватски ракометар.

Починале:

1849 Јохан Штраус — австриски композитор.
1943 Нико Нестор — еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко.
1958 Џон Вотсон — американски психолог
1970 Ерих Марија Ремарк — германски писател.
1976 Никола Бадев — македонски пејач на народни песни.
1980 Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“.
2003 Едвард Саид — палестинско-американски социо-културолошки теоретичар.
2003 Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
2006 Петре М. Андреевски — македонски писател.
2020 Горан Паскаљевиќ — српски режисер.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица