Прејди на содржината
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.166 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рентгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Млад американски алигатор (Alligator mississippiensis) како се одмора врз возрасна единка.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 28 мај 2024 г.

Настани:

1937 Невил Чемберлен станал премиер на Велика Британија. Бил решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.
1971 Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда „Марс-3“, со тежина од пет тони.
1993 Република Македонија примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева.
1994 Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.

Родени:

1524 Селим IIотомански султан.
1822 Дедо Иљо Малешевски — македонски ајдутски војвода.
1853 Карл Ларсон — истакнат шведски битово-историски сликар.
1888 Џим Торп — американски спортист.
1889 Рихард Рети — чехословачки шаховски велемајстор.
1893 Мина Виткојц — германски поет.
1903 Маргарит Моно — француски текстописец и композитор.
1910 Т-Боун Вокер — американски блуз-музичар.
1912 Патрик Вајт — австралиски писател, добитник на Нобеловата награда во 1973 година.
1923 Ѓерѓ Лигети — унгарско-австриски композитор.
1938 Џери Вест — американски кошаркар и тренер.
1945 Џон Фогерти — американски рок-музичар.
1949 Венди О. Вилијамс — американска рок-пејачка.
1925 Булент Еџевит — премиер на Турција.
1955 Здравко Зовко — хрватски и југословенски ракометар.
1968 Кајли Миног — австралиска поп-пејачка.
1972 Филип Петровски — македонски политичар.
1976 Алексеј Немов — руски гимнастичар.
1986 Бенжамен Павар — француски фудбалер.
1990 Роан Денис — австралиски велосипедист.
1991 Александар Лаказет — француски фудбалер.
1994 Џон Стоунс — англиски фудбалер.
2000 Фил Фоден — англиски фудбалер.

Починале:

1598 Валаамохридски архиепископ.
1787 Леополд Моцарт — австриски класицистички композитор.
1805 Лујџи Бокерини — италијански композитор и виолончелист.
1937 Алфред Адлер — австриски лекар и психолог.
1990 Џорџо Манганели — италијански писател.
1990 Вилхелм Вагенфелд — германски индустриски дизајнер.
1995 Исак Сион — учесник во НОБ.
2018 Стеван Хорват — српски и југословенски борач во грчко-римски стил.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич