Џанет Јелен

американски економист и професор

Џанет Луиз Јелен (англиски: Janet Louise Yellen, р. 13. август 1946 година во Њујорк, Њујорк, САД[1]) е американски економист на институтот „Брукингс“. Јелен беше претседавач со Системот на федералните резерви на САД од 2014 до 2018 година. Таа дојде на таа позиција од местото на потпретседател на Системот (2010-2014 година). Претходно таа беше претседател и главен извршен директор на Федералната резервна банка во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Ги има извршувано и задачите на претседавач на советот за економија при Белата Куќа за време на претседателот Бил Клинтон, а беше и професор по бизнис на Школата за бизнис „Валтер А. Хаас“ при Калифорнискиот универзитет, Беркли.

Џенет Јелен
15-ти Претседател на Федералните резерви
На должноста
Февруари 3, 2014 – Февруари 3, 2018
ПретседателБарак Обама
Доналд Трамп
ЗаменикСтенли Фишер
ПретходникБен Бернанке
НаследникЏиром Павел
Вице Претседател на Федерални резерви
На должноста
Октомври 4, 2010 – Февруари 3, 2014
ПретседателБарак Обама
ПретходникДоналд Кон
НаследникСтенли Фишер
Член на Одбор на гувернери на федералните резерви
На должноста
Октомври 4, 2010 – Февруари 3, 2018
ПретседателБарак Обама
Доналд Трамп
ПретходникМарк В. Ослон
НаследникИспразнет
На должноста
август 12, 1994 – Февруари 17, 1997
ПретседателБил Клинтон
ПретходникВејн Анџел
НаследникЕдвард Грамлич
Претседател на Федерална Резервна Банка на Сан Франциско
На должноста
Јуни 14, 2004 – Октомври 4, 2010
ПретходникРоберт Пари
НаследникЏон Вилиамс
18-ти Претседател на Совет на Економски Советници
На должноста
Февруари 18, 1997 – Август 3, 1999
ПретседателБил Клинтон
ПретходникЖозеф Стиглиц
НаследникМартин Били
Лични податоци
Роден(а)Џанет Луис Јелен
13 август 1946(1946-08-13)(77 г.)
Њујорк Сити, Њујорк, САД
НационалностАмериканско
ПартијаДемократска
СопружникЏорџ Акерфол
Деца1 син
ОбразованиеУниверзитет Браун (Диплома за уметности)
Универзитет Јеил (Магистрат за уметност, Докторат за филозофија)
ПотписПодатотека:Потпис на Џенет Јелен.png

Јелен беше номинирана од претседателот Барак Обама да го наследи Бен Бернанки како претседавач со Системот на федералните резерви на САД.[2] На 6. јануари 2014 година, американскиот сенат ја потврди оваа номинација.[3] Оваа значајна одлука одекна во јавноста и Јелен положи заклетва на 3. февруари 2014 година со што постана првата жена која ја имала оваа позиција.[4] Таа ја вршеше улогата на претседавач до 3. февруари 2018 година. Освен бројните успеси и придонеси во областа на економијата, Јелен е запаметена и по отстранувањето на многу родови пречки како жена во нејзината професија.[2]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица