Аунг Сан Су Чи

Аунг Сан Су Чи - политичарка од Мјанмар.

Аунг Сан Су Чи

Животопис

Су Чи е ќерка на генералот Аунг Сан, еден од творците на независноста на Бурма, кој бил убиен во 1947 година. Во едно интервју за „Би-би-си“, таа го опишала својот татко како „мојата прва љубов и мојата најголема љубов“.[1] Повеќе од две децении, Су Чи била политички затвореник поради борбата за демократизација на Мјанмар, а 15 години поминала во домашен притвор. За тоа време, според нејзиното признание, таа наоѓала утеха читајќи ги делата на Џорџ Елиот, Виктор Иго и Ана Ахматова, а нејзината омилена книга биле патописите на Ребека Вест, „Црно јагне и сив сокол“ за Југославија пред Втората светска војна. За својата политичка борба, во 1991 година ја добила Нобеловата награда за мир, која ја прифатила дури во 2012 година. Во 2016 година, по демократските парламентарни избори, Су Чи била избрана на функцијата државен советник (што одговара на местото премиер), затоа што уставот ѝ забранува да биде претседател на Мјанмар поради тоа што членови на нејзиното семејство се странски државјани. За време на нејзината власт, по повод етничкото чистење во Мјанмар, Су Чи била оосудена од светската јавност за нејзиното премолчување, а ширум светот била иницирана петиција, потпишана од стотици илјади луѓе, со барање да ѝ биде одземена Нобеловата награда.[2]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица