3 септември

датум

3 септември — 246-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(247-и во престапна година).Остануваат 119 денови до крајот на годината.

<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

Настани:

590 Грегориј I станува папа.
1650 Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар
1651 Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната.
1783 Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија.
1855 Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца.
1892 Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон.
1901 На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка.
1933 Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација.
1939 Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска.
1943 Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1967 Шведска ја менува страната на возење од лево на десно.
1971 Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
1976 Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс.
1995 Основана е фирмата eBay.
1997 Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.

Родени:

1568 Адријано Банчери — италијански композитор.
1571 Бенвенуто Челини — италијански вајар.
1693 Чарлс Редклиф — британски политичар.
1851 Олга Константиновна — руска кнегина.
1856 Луис Суливан — американски архитект.
1869 Фриц Прегл — словенечки хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1875 Фердинанд Порше — австриски автомобилски инженер.
1889 Исак Самоковлија — босански писател.
1897 Сали Бенсон — американски писател.
1900 Ристо Крле — македонски драмски писател.
1913 Алан Лад — американски глумец.
1921 Христијан Тодоровски - Карпош — македонски народен херој.
1925 Манол Пандевски — македонски историчар и академик.
1931 Дик Мота — американски кошаркарски тренер.
1931 Радован П. Цветковски — македонски писател.
1939 Перо Миленковски — македонски писател.
1941 Сергеј Довлатов — руски писател.
1945 Виолета Аларова — градоначалник на Општина Центар.
1947 Марио Драги — италијански економист, менаџер и банкар, претседател на Европската централна банка.
1949 Хосе Пекерман — аргентински фудбалски тренер.
1955 Стив Џонс — англиски рок-музичар, член на групата Секс Пистолс (Sex Pistols).
1963 Горан Собин — хрватски и југословенски кошаркар.
1965 Чарли Шин — американски глумец.
1969 Доминик Вест — британски глумец.
1970 Герет Саутгејт — англиски фудбалер и тренер.
1976 Ешли Џонс — американска глумец.
1977 Олоф Мелберг — шведски фудбалер.
1979 Жулио Цезар — бразилски фудбалски голман.
1980 Б.Г. — американски рапер.
1981 Ѓорѓи Крстевски — македонски поп-пејач.
1982 Ања Алтхаус — германска ракометарка.
1983 Ники Хант — англиски фудбалер.
1984 Андре Кардозо — португалски велосипедист.
1986 Шон Вајт — американски сноубордер.
1986 Наталија Лобова — руска кануистка.
1986 Блел Кадри — француски велосипедист.
1988 Жером Боатенг — германски фудбалер.
1993 Доминик Тим — австриски тенисер.
1995 Никлас Зиле — германски фудбалер.
2000 Брендон Вилијамс — англиски фудбалер.

Починале:

1402 Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано.
1658 Оливер Кромвел — лорд-протектор на Англија.
1662 Вилијам Лентал — англиски политичар.
1766 Арчибалд Боуер — шкотски историчар.
1860 Алексеј Комјаков — руски поет.
1866 Константин Флавитски — руски поет.
1883 Иван Тургенев — руски писател.
1970 Винс Ломбарди — американски фудбалски тренер.
1985 Драган Манце — српски и југословенски фудбалер.
1987 Мортон Фелдман — американски композитор.
1987 Азиз Кељменди — војник на ЈНА.
1989 Гаетано Ширеја — италијански фудбалер.
1991 Френк Капра — американски филмски режисер.
1993 Јован Ивањин — македонски поет.
1996 Ог Мандино — американски писател.
2001 Полин Каел — американски филмски критичар.
2012 Ана Липша - Тофовиќ — југословенска и македонска оперска пејачка.
2017 Волтер Бекер — американски рок-музичар.

Празници:

*Ден на независностa на Катар.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица