20 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

20 септември — 263-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(264-и во престапна година). Остануваат 102 денови до крајот на годината.

Настани:

331 п.н.е. На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1519 Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1950 Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.
1963 Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината.

Родени:

1377 Албрехт IV — војвода од Австрија.
1859 Никола Начов — бугарски писател.
1878 Аптон Синклер — северноамерикански писател и публицист.
1917 Обдулио Варела — уругвајски фудбалер.
1920 Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец.
1921 Чико Хамилтон — американски џез-музичар.
1934 Софија Лорен — италијанска глумица.
1940 Таро Асо — јапонски политичар.
1955 Тодор Чепреганов — македонски историчар.
1956 Стив Колмен — американски џез-музичар.
1957 Владимир Ткаченко — украинско-руски и советски кошаркар.
1960 Алис Браун — американска атлетичарка.
1969 Ричард Вичге — холандски фудбалер.
1975 Хуан Пабло Монтоја — колумбиски автомобилист.
1980 Густав Ларсон — швајцарски велосипедист.
1980 Игор Вори — хрватски ракометар.
1989 Алфредо Балони — италијански велосипедист.
1993 Јулијан Дракслер — германски фудбалер.
1995 Роб Холдинг — англиски фудбалер.

Починале:

1736 Ахмед IIIосманлиски султан.
1863 Теодор Фонтане — германски писател.
1898 Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист, собирач на народни умотворби.
1930 Гомбоџаб Цибиков — руски истражувач.
1961 Анджеј Мунк — полски режисер.
1983 Анхел Лабруна — аргентински фудбалер.
1998 Јордан Леов — македонски писател.
1994 Цеко Стефанов — македонски поет.
2000 Герман Титов — советски космонаут.
2006 Свен Никвист — шведски кинематограф.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица