Ориз

Ориз
Научна класификација
Царство:Растенија
Оддел:Скриеносеменици
Класа:Монокотиледони
Ред:Тревовидни
Семејство:Треви
Род:Ориз
Вид:O. sativa
Научен назив
Oryza sativa
L.

Оризот (латински: Oryza) е едногодишно растение, житарка од фамилијата треви што потекнува од тропските и суптропските предели на Азија и Африка. Се одгледува на значително големи површини и во Македонија, најмногу во долината на Брегалница во Кочанската Котлина, а во помал обем и во долините на Тополка и Бабуна во Велешко.

Опис

Ботанички, оризот припаѓа во широколисните треви. Едногодишната билка може да нарасне до 1,8 м височина. Нејзиниот вегетационен период се движи од 134 до 143 дена.

Овој род содржи два вида: Oryza sativa и Oryza glaberrima, со повеќе вариетети и сорти.

Оризови стебла во фаза на зреење, во оризница (нива) близу Кочани, Македонија

Природно подрачје на распространетост на оризот се тропските и суптропските подрачја на Азија и Африка, како и во делови од Европа (Италија, Македонија) и Америка.

Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода, топлина и човекова рачна работа. Неговото култивирање започнало пред повеќе од 6500 години во неколку земји на Далечниот Исток.

Финалниот производ во трговската мрежа може да се сретне со бела и кафеава боја, што зависи од тоа како е излупена арпата, односно суровото зрно ориз.

Според степенот на обработка на оризовото зрно, постојат следните типови на ориз:

  • нелупен ориз или арпа;
  • полулупен ориз или карго;
  • излупен или бел ориз и
  • топлински обработен или проварен.

Нутриционистите најчесто за исхрана го препорачуваат кафеавиот ориз затоа што не му се вади обвивката од јадрото на зрното, што прави зрното да има уникатен вкус, но и потешко за џвакање. Се вари двапати подолго од белиот ориз. Белиот ориз, од друга страна, е поделикатен и мек, но ги нема нутритивните својства како кафеавиот.

Дополнителни информации

Книга за кочанскиот ориз (Стиснете на сликата за да ја отворите и читате во целост)

Оризот (Oryza sativa) е по потекло од тропската Азија и е основна храна на повеќе од половина жители во светот. Успева во скоро сите делови на светот, а особено во топлите и влажни предели. Постојат околу 1.000 врсти на ориз. Покрај тоа што се користи за исхрана, тој се употребува и во индустријата, во козметиката и во медицината.

Во старите кинески хроники, оризот се спомнува уште во 2800 година п.н.е., а и денес е една од најважните култури во светот. Кинезите го употребуваат оризот како основна храна.

Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив.

Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност: 100 грама ориз содржи 1.540 kj или 368 kcal. Од хранливи состојки најмногу има скроб (70–80%), потоа белковини (6,5%) и масти (0,7%). Богат е и со минерали. Најмногу има фосфор (116 mg%) и калиум (98 mg%), а не се занемарливи ни количините на магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт, флуор.

Од витамини, има витамин Е – во р`кулците, и скоро сите витамини од групата Б – во лушпата.

Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек.

Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство против пролив, оризовото брашно во исхрана на доенчињата и децата.

Оризот има многу важна улога во диеталната исхрана. Сепак, често оризот во исхраната погрешно се користи: излупен и глазиран (помалку вреден), наместо природен, интегрален.

Оризница близу Кочани

Во продажба може да се најдат 3 вида на ориз:

  • нелупен, т.е. онаков каков што ни го дава природата, познат како интегрален,
  • олупен, но неглазиран и
  • олупен и глазиран, каков што најчесто се користи, посебно во високоразиените земји, каде не се гаи, туку се увезува.

Разликата помеѓу овие 3 вида на ориз е огромна. Нелупениот и неглазираниот ориз на изглед не е така убав како глазираниот, но неговата прехранбена вредност, богатство на витамини и минерални соли, е неспоредливо поголема отколку на глазираниот.

Долготрајната исхрана исклучиво или претежно со излупен и глазиран ориз доведува до авитаминоза, односно до појава на болеста бери-бери, што може да има смртни последици.

Во IX век во Азија се појавила болеста „бери-бери“ како резултат на недоволното внесување на витамини. Таа болест траела 50 години сè додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини. Од тогаш почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.

Нелупениот ориз има, покрај другото, неспоредливо повеќе сирова целулоза, па затоа тој го поттикнува празнењето на цревата, го поттикнува излачувањето на желудечните и цревните сокови. Идеалниот однос на неговите биолошки состојки ја воспоставува рамнотежата во организмот.

Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот.

Научно е докажано дека оризот, поефикасно од било која друга житарка, го зголемува излачувањето на мочката, па затоа тој им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).

Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите.

Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па оризот или оризовата вода е природен лек за детоксикација на организмот.

  • Оризот го намалува крвниот притисок

Кога ќе се зголеми крвниот притисок, веднаш треба да се примени диета со ориз. Едноставно, болниот треба 2-3 дена да јаде само добро сварен и несолен ориз и обилно да пие чаеви за намалување на крвниот притисок.

  • Ориз против долготраен пролив

Мешавина од 3 супени лажици оризово брашно (од интегрален ориз) и исто толку сомлен јачмен се прелива со еден литар зоврена вода. Покопениот сад се остава да стои 2 часа. Кога ќе се олади, се додава сок од дренки или дуња. Оваа каша се јаде 3 пати дневно пред јадење.

  • Ориз против воспление на дебелото црево

Се ставаат 4 лажици оризово брашно, 2 големи лажици ориз, 2 големи лажици копива и боровинки. Оваа смеса се прелива со литар зовриена вода и после 2 часа се процедува. Течноста се пие засладена со мед од хелда.

  • Оризот го зголемува излачувањето на урината – природен диуретик

Се зема една шоља ориз, корен и лист од магдонос и целер. Се вари полека во еден литар вода. Кога оризот ќе се звари, се процедува и се пие течноста повеќепати во денот.

Енергетска вредност

Енергетската вредност на 100 грама ориз изнесува:

Хранлива содржина на основните прехранбени култури[1]
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА:Пченка[А]Ориз[Б]Пченица[В]Компир[Г]Маниока[Д]Соја[Ѓ]Сладок компир[Е]Сирак[Ж]Јам[Џ]Готварска банана[Ш]
Состојка (на 100 гр)КоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличинаКоличина
Вода (гр)7612117960687797065
Енергија (кЏ)360152814193226706153601419494511
Белковини (гр)3,27,113,72,01,413,01,611,31,51,3
Маст (гр)1,180,662,470,090,286,80,053,30,170,37
Јаглехидрати (гр)19807117381120752832
Влакна (гр)2,71,310,72,21,84,236,34,12,3
Шеќер (гр)3,220,1200,781,704,1800,515
Калциум (мг)2283412161973028173
Железо (мг)0,524,313,520,780,273,550,614,40,540,6
Магнезиум (мг)37251442321652502137
Фосфор (мг)891155085727194472875534
Калиум (мг)270115431421271620337350816499
Натриум (мг)15526141555694
Цинк (мг)0,451,094,160,290,340,990,300,240,14
Бакар (мг)0,050,220,550,110,100,130,15-0,180,08
Манган (мг)0,161,093,010,150,380,550,26-0,40-
Селен (µг)0,615,189,40,30,71,50,600,71,5
Витамин Ц (мг)6,80019,720,6292,4017,118,4
Тиамин (мг)0,200,580,420,080,090,440,080,240,110,05
Рибофлавин (мг)0,060,050,120,030,050,180,060,140,030,05
Ниацин (мг)1,704,196,741,050,851,650,562,930,550,69
Пантотенска киселина (мг)0,761,010,940,300,110,150,80-0,310,26
Витамин Б6 (мг)0,060,160,420,300,090,070,21-0,290,30
Фолат - вкуп. (µг)462314316271651102322
Витамин А (МЕ)208002131801418701381127
Витамин Е, α-токоферол (мг)0,070,1100,010,1900,2600,390,14
Витамин К (µг)0,30,101,91,901,802,60,7
β-каротин (µг)52001808509083457
Лутеин+зеаксантин (µг)7640080000030
Заситени масни киселини (гр)0,180,180,450,030,070,790,020,460,040,14
Мононезаситени масни киселини (гр)0,350,210,340,000,081,280,000,990,010,03
Полинезаситени масни киселини (гр)0,560,180,980,040,053,200,011,370,080,07
А пченка, слатка, жолта, сироваБ ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров
В пченица, тврдаГ компир, со лупка, сиров
Д маниока, сироваЃ соини зрна, зелени, сирови
Е сладок компир, сировЖ сирак, сиров
Џ јам, сировШ готварска банана, сирова

Значење

Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во светот. Освен за исхрана, тој се користи за правење алкохолен пијалак - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.

Во човековата исхрана оризот има големо значење, бидејќи во неа учествува со околу 1/3. Повеќе од 50% од светската популација го употребува како главна храна. Поради тоа што е лесно сварлив, богат со најпотребните состојки за организмот, па дури и во најраното детство, го заслужува почесното место во многу кујни. Во ориенталните, пред се' кинеската и јапонската, тој е основа врз која се градат вистински кулинарски специјалитети.

За разлика од другите жита оризот се користи само за готвење, бидејќи со мелење не се добива брашно кое би ги исполнило технолошките барања за производство на леб. Додека во Европа и САД се користи главно за подготвување јадења, обично со месо и други белковински додатоци, во Азија варениот ориз го заменува лебот и претставува незаменлива храна, особено во Индија, Кина, Индонезија и Јапонија.

Во Македонија се трошат просечно по околу 3 кг бел ориз по жител годишно, што претставува храна за еден човек за 4-5 дена во Јужна Кина.[2]

Производство на ориз

Главни извозници на ориз се Тајланд, Виетнам и САД. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Јужна Кореја - 6.000 кг на хектар.

Во Македонија најголем оризопроизводен регион е кочанскиот, каде оризот е застапен на околу 3.000 хектари (максималната застапеност достигнувала и до 6.000 хектари). Просечниот принос изнесува околу 5.500 кг. од хектар. Најпознати сорти ориз кои се одгледуваат во Кочанска Котлина се:монтичели Архивирано на 31 октомври 2012 г., Р76/6 Архивирано на 31 октомври 2012 г., сан андреа Архивирано на 31 октомври 2012 г., прима риска Архивирано на 31 октомври 2012 г. и монтеса Архивирано на 28 септември 2011 г..

Во 2000 година на Меѓународниот саем за технолошки иновации “Еурека“[мртва врска] во Брисел, Белгија оризот произведен во Кочанско го доби признанието “Grand prix“ - Најдоброто од Македонија.[3]


Произведен ориз во Македонија (во тони) (2001-2020)[4]

Поврзано

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица