22 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

22 јануари — 22-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 343 денови до крајот на годината (344 во престапна).

Настани:

1506 Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727 Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964 Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978 Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990 Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001 Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

Родени:

1561 Френсис Бејкон — англиски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1788 Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од времето на романтизмот.
1875 Дејвид Грифит — американски филмски режисер.
1879 Франсис Пикабија — француски сликар.
1898 Сергеј Ејзенштајнсоветски филмски режисер и теоретичар.
1907 Дикси Дин — англиски фудбалер.
1909 У Тант — бурмански дипломат и почесен граѓанин на Скопје.
1911 Бруно Крајски — австриски политичар.
1924 Мира Траиловиќ — српска театарска режисерка.
1924 Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар.
1931 Сем Кук — американски соул-пејач.
1936 Предраг Живковиќ Тозовац — српски фолк-пејач.
1953 Џим Џармуш — американски филмски режисер.
1955 Рајко Жижиќ — српски и југословенски кошаркар.
1964 Стојко Вранковиќ — хрватски и југословенски кошаркар.
1977 Хидетоши Наката — јапонски фудбалер.
1987 Дмитриј Комбаров — руски фудбалер.
1987 Кирил Комбаров — руски фудбалер.
1988 Марсел Шмелцер — германски фудбалер.
1990 Артем Волвич — руски одбојкар.

Починале:

1919 Карл Ларсон — истакнат шведски битово-историски сликар.
1994 Тели Савалас — американски глумец.
1997 Ордан Петлески — македонски академски сликар.
2004 Руди Шелиго - словенечки писател и политичар.
2017 Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата Кен (Can).
2021 Хенк Арон — американски бејзбол играч.
2022 Аки Рахимовски — македонско-хрватски пејач, член на рок- групата Парни ваљак.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица