23 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

23 јануари — 23-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 342 денови до крајот на годината (343 во престапна).

Настани:

1556 Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина.
1793 Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960 Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
1968 Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973 Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
1991 Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
2015 Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.

Родени:

1783 Мари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на францускиот реализам.
1832 Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1872 Јоже Плечник — словенечки архитект.
1878 Отон Жупанчич — словенечки поет.
1910 Џанго Рајнхард — француски гитарист.
1928 Жана Моро — француска глумица.
1940 Питер Фонда — американски глумец.
1943 Гери Бартон — американски џез-музичар.
1945 Тито Петковски — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија.
1956 Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите „Смак“ и „Бијело дугме“.
1962 Ненад Грачан — хрватски фудбалер и тренер.
1967 Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови.
1969 Никола Ристановски — македонски глумец.
1970 Аријан Комазец — хрватски кошаркар.
1982 Карол Бјелецки — полски ракометар.
1984 Арјен Робен — холандски фудбалер.
1996 Рубен Лофтус-Чик — англиски фудбалер.
2002 Јошко Гвардиол — хрватски фудбалер.

Починале:

1744 Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар.
1837 Џон Филд — ирски композитор од романтизмот.
1862 Димитрија Миладинов — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник.
1931 Ана Павлова — руска балерина.
1939 Матијас Зинделар — австриски фудбалер.
1944 Едвард Мунк — норвешки експресионистички сликар.
1989 Салвадор Дали — шпански сликар.
1995 Вањо Хаџиев — повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“.
1980 Ернст Оцвирк — австриски фудбалер.
2000 Александар Христовски — македонски писател.
2021 Лари Кинг — американски телевизиски водител.
2022 Радован П. Цветковски — македонски писател.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица