2 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

2 јануари — 2-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 363 денови до крајот на годината (364 во престапна).

Настани:

1839 Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината.
1905 Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година.
1946 Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“.
1959 Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“.
1971 Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината.

Родени:

1642 Мехмед IVотомански султан.
1699 Осман III — отомански султан.
1837 Милиј Алексиевич Балакирев — руски композитор, пијанист и диригент.
1920 Исак Асимов — американски писател на научна фантастика од руско потекло.
1936 Роџер Милер — американски композитор и пејач (†1992)
1948 Огњен Петровиќ — српски и југословенски фудбалер.
1968 Олег Дерипаска — руски бизнисмен.
1969 Кристи Тарлингтон — американски модел и манекенка
1980 Жером Пино — француски велосипедист.
1992 Пауло Газанига — аргентински фудбалски голман.
1997 Карлос Солер — шпански фудбалер.

Починале:

1801 Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф.
1952 Христо Татарчев — македонски револуционер.
1955 Хосе Антонио Ремон — претседател на Панама.
1977 Ерол Гарнер — американски џез-музичар.
1987 Методи Поповски — македонски командант од НОАВМ.
1988 Ремон Рубен — професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од водечките дерматовенеролози во Македонија.
1993 Михајло Лалиќ — црногорски писател.
2005 Едо Муртиќ — хрватски сликар.
2019 Марко Николиќ — српски глумец.

Празници:

Според Римокатоличкиот календар:
  • Свети Василиј Велики и Григориј Нацијанцен
Според македонскиот Православен календар:

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица