6 јули

датум
<<јули>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

6 јули — 187-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(188-и во престапна година).Остануваат 178 денови до крајот на годината.

Луј Пастер на 6 јули 1885 успешно ја тестира својата вакцина против беснило
Адолф Андерсен (математичар) еден од најјаките шахисти во средината на 19 век
6 јули 1818 - 13 март 1879.

Настани:

1415 Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535 Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква.
1885 Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908 Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928 Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1943 Во реонот на преспанските села ЉубојноЦарев ДворДолно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри.
1957 Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964 Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966 Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967 Основана светската библиографска организација OCLC.
2002 Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005 Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.

Родени:

1599 Диего Веласкес — шпански сликар.
1818 Адолф Андерсенгермански шахист.
1832 Максимилијан I — надвојвода од Австрија и цар на Мексико.
1838 Ватрослав Јагиќ — хрватски славист.
1859 Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец.
1907 Фрида Каломексиканска сликарка.
1927 Џенет Лиамериканска глумица.
1935 Тенцин Ѓацо — тековниот далај-лама.
1943 Глигорие Гоговски — македонски стопанственик и политичар.
1946 Силвестер Сталонеамерикански глумец.
1946 Џорџ Буш — 43. американски претседател.
1951 Џефри Раш — австралиски глумец.
1951 Гоце Тодоровски — македонски глумец.
1964 Садула Ергин — министер за правда на Турција.
1979 Мирсад Бешлија — босански фудбалер.
1980 Пау Гасол — шпански кошаркар.
1981 Роман Широков — руски фудбалер.
1988 Данил Шишкарев — руски ракометар.

Починале:

1189 Хенри II — англиски крал.
1415 Јан Хусчешки реформатор.
1476 Региомонтан — германски математичар и астроном.
1533 Лудовико Ариостоиталијански поет.
1535 Томас Мор — англиски правник, филозоф и хуманист.
1553 Едвард VI — англиски крал.
1854 Георг Симеон Ом — германски физичар.
1893 Ги де Мопасанфранцуски писател.
1962 Вилијам Фокнерамерикански писател, Нобелов лауреат.
1971 Луис Армстронгамерикански трубач и џез-музичар.
1991 Антон Југов — бугарски политичар.
1999 г.г. МихаилАрхиепископ Охридски и Македонски.
2000 Лазар Колишевски — македонски политичар.
2005 Клод Симон — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
2010 Тили Армстронг — британска писателка.
2022 Џејмс Кан — американски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица