17 јули

датум
<<јули>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

17 јули — 198-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(199-и во престапна година).Остануваат 167 денови до крајот на годината.

Настани:

1204 Во текот на Четвртата крстоносна војна, крстоносците го освоиле Цариград.
1762 Катерина Велика станува царица на Русија.
1862 Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
1917 Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
1918 По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Чека.
1936 Почнува Шпанската граѓанска војна.
1942 Почна Сталинградската битка меѓу германската и советската армија — веројатно најголемата битка во Втората светска војна.
1945 Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
1965 Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
1976 Индонезија го анектира Источен Тимор.
1984 Пуштен советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Космонаутката Светлана Савицка станала првата жена која се „прошетала“ во вселенскиот простор надвор од леталото.
1993 Во Будимпешта, деветте земји-членки на Средноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.

Родени:

1899 Џими Кегниамерикански глумец.
1920 Хуан Антонио Самаранч — шпански министер за спорт и претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1980 до 2001 година.
1925 Ласло Наѓ — унгарски поет и преведувач.
1935 Доналд Сатерленд — канадски глумец.
1937 Петре Наковски — македонски романописец и преведувач.
1944 Карлос Алберто — бразилски фудбалер.
1948 Рон Ештон — американски рок-музичар, член на групата „Стуџис“ (The Stooges).
1950 Стево Степановски — македонски библиофил.
1954 Ангела Меркелгермански канцелар.
1961 Гуру — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1963 Миран Тепеш — словенечки скијачки скокач.
1966 Лу Барлоу — американски рок-музичар.
1972 Јап Стам — холандски фудбалер.
1976 Маркос Сена — бразилски фудбалер.
1985 Мартин Колер — швајцарски велосипедист.
1987 Андреј Воронцевич — руски кошаркар.
1991 Бари Маркус — холандски велосипедист.
1994 Бенжамен Менди — француски фудбалер.
1997 Јакуб Кохановски — полски одбојкар.

Починале:

855 Лав IVримски папа.
1489 Мимар Синан — прочуен отомански архитект.
1790 Адам Смит — најпознат претставник на англиската класична политичка економија.
1918 Николај II Романовцар на Русија, убиен заедно со членовите на неговото семејство.
1938 Роберт Вине — германски режисер.
1941 Аугуст Цесарец — хрватски револуционер и писател.
1946 Дража Михаиловиќсрпски четнички водач.
1959 Били Холидејамериканскa пејачкa.
1967 Џон Колтрејн — американски џез-музичар и композитор.
1969 Нестор Алексиев Мирчевски — македонски резбар.
1976 Вељо Личеноски — прв филмски монтажер во Македонија.
1986 Ристо Шишков — македонски глумец.
1992 Стефан Гајдов — македонски композитор.
2022 Жан-Луј Трентињан — француски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица