27 февруари

датум

27 февруари — 58-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).

Настани:

1844 Доминиканската Република стекнала независност од Хаити
1900 Основан е ФК Баерн Минхен
1900 Основана е британската Лабуристичка партија
1908 Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците.
1921 Во Виена е основана Втората и пол интернационала.
1933 Запалена е зградата на Рајхстагот во Берлин.
1967 Доминика добила независност од Британија.
1976 Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989 Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо.
1996 Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:

272 Константин Iримски цар, познат и како Константин Велики, основач на градот Цариград.
1846 Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија.
1867 Ирвинг Фишер — американски економист.
1873 Енрико Карузоиталијански оперски пејач, тенор.
1902 Џон Стајнбек — американски писател.
1913 Ирвин Шо — американски писател.
1923 Декстер Гордон — американски џез-музичар.
1928 Ариел Шарон — израелски премиер.
1929 Џалма Сантос — бразилски фудбалер.
1932 Ласло Шароши — унгарски фудбалер.
1932 Елизабет Тејлор — британско-американска глумица.
1951 Стив Харли — англиски рок-музичар, член на групата Кокни ребелс (Cockney Rebels).
1961 Џејмс Ворти — американски кошаркар.
1967 Владо Јовановски — македонски глумец.
1971 Дерен Браун — англиски илузионист и менталист.
1978 Кахабер Калаѕе — грузиски фудбалер.
1986 Жонатан Мореира — бразилски фудбалер.
1993 Алфонс Ареола — француски фудбалски голман.

Починале:

1887 Александар Бородин — руски композитор.
1936 Иван Павлов — руски научник, лекар-физиолог, познат по Павловиот условен рефлекс.
1990 Михаил Петрушевски — македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје.
2008 Мира Алечковиќ — српска поетеса.
2013 Александар Лековски — македонски диригент и композитор.

Празници:

1844 Доминиканска Република — Ден на независноста
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица