Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.228 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рентгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Внатрешност на Бразилиската катедрала, дело на Оскар Нимаер.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 31 мај 2024 г.

Настани:

1942 Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1961 Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.
1962 Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
1991 Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:

1656 Марен Марефранцуски композитор за виола да гамба.
1819 Волт Витман — американски поет.
1892 Константин Паустовски — руски и советски писател.
1899 Леонид Леонов — руски и советски писател.
1908 Дон Амичи — американски глумец.
1911 Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
1930 Клинт Иствуд — американски филмски глумец и режисер.
1934 Рада Ѓуричин — српска и југословенска глумица.
1941 Вилијам Нордхаус — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2018 година.
1945 Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер.
1948 Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата Лед цепелин.
1965 Брук Шилдс — американска глумица.
1969 Тони Цетински — хрватски пејач.
1970 Паоло Сорентино — италијански режисер.
1973 Родриго Кортес — шпански филмски режисер.
1986 Роберт Гесинк — холандски велосипедист.
1989 Марко Ројс — германски фудбалер.
2001 Ига Свјатек — полска тенисерка.

Починале:

1594 Јакопо Робусти Тинторетоиталијански сликар.
1809 Франц Јозеф Хајдн — австриски класицистички композитор.
1854 Ватрослав Лисинскихрватски композитор.
1953 Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект.
1962 Адолф Ајхман — нацистички функционер.
1978 Јожеф Божик — унгарски фудбалер.
1983 Џек Демпси — американски боксер.
2019 Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич