Руси

Русите се најбројниот словенски народ кој припаѓа на источнословенската група на народи и јазици. Русите бројат околу 140 000 000 луѓе и главно се населени во Русија (81% од населението), а има големи руски заедници во поранешните републики на СССР, Летонија каде сочинуваат 26% од населението) , Естонија (25% од населението), Казахстан (23% од населението), Украина (17% од населението), Белорусија (8% од населението), а во поново време се забележуваат и големи руски емигрантски заеднци во САД, Австралија и Канада.

Руси
русские
Вкупен број
~ 135 милиони
Подрачја со значајно население
 Русија: 111,016,896[1]
 Украина8,334,100[2]
 Казахстан3,793,764[3]
 САД
(со руско потекло)
3,163,084[4]
 Белорусија785,084[5]
 Узбекистан620,000[6]
 Канада
(со руско потекло)
500,600 [7]
 Латвија487,250[8]
 Киргистан419,600[9]
 Молдавија369,488[10]
 Естонија342,000[11]
 Бразил
(Russian ancestry)
200,000[12]
 Германија189,326[13]
 Литванија174,900[14]
 Туркменистан142,000[15]
 Азербејџан141,687[16]
 Аргентина
(имигранти од 1895 до 1946 )
114,303[17]
 Таџикистан68,200[18]
 Грузија67,671[19]
 Шпанија42,585[20]
 Романија (Lipovans)36,397[21]
 Финска33,401[22]
 Обединето Кралство32,000[23]
 Чешка 31,941[24]
 Италија25,786[25]
 Австралија21,436[26]
 Грција18,219[27]
 Кина15,631[28]
 Франција15,601[29]
 Бугарија15,595[30]
 Ерменија14,660[31]
Јазици
руски
Вероисповед
воглавно православни христијани
Сродни народи
Словени, особено Источни Словени[32]

Русите говорат на руски јазик кој е најзборуваниот словенски јазик и во огромно мнозинство се православни христијани.

Русите како мотив во уметноста и во популарната култура

Во романот „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски пишува дека „Русите, воопшто, се широки луѓе... широки како нивната земја и необично се наклонети кон фантастичното и хаотичното...“[33] Во расказот „Твор и Калинич“ од збирката „Записите на ловецот“, рускиот писател Иван Тургенев пишува: „Русот толку верува во својата сила, што не се штеди ниту себеси: тој малку се бави со своето минато и смело гледа напред. Што е добро — тоа му се допаѓа, што е паметно — тоа дај му го, а од каде доаѓа тоа — нему му е сеедно.“[34]

Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ, кога ги опишува особините на руските жени, за нив вели дека се само љубовници.[35] Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека Русите се наклонети кон претерување, гигантизам и вознесување над сите човечки мерки. Исто така, тој пишува дека гревовите на Русите се големи, зашто тие дрско се мешаат во божјата работа и сакаат да го спасат светот,[36] како и дека Русите се по природа идеалисти дури и тогаш кога се приврзаници на материјалистичките доктрини.[37]

Една песна на полскиот поет Збигњев Херберт се вика „Приказна за руските емигранти“.[38][39]

Една песна од албумот „Сонот на сините желки“ на британскиот рок-музичар Стинг се вика „Русите“ (англиски: Russians).[40]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица