Смртна казна

Смртната казна или погубување претставува правна санкција која ја добил осуденикот по судски пат како казна за извршениот прекршок. Кривичното дело може да резултираа со смртната казна, и истото е познато како капитално злосторство или капитално дело. Поимот капитал потекнува од латинскиот збор capitalis, кое буквално означува "во однос на главата" (латински caput). Во превод, оваа фраза би означувала: откинување (односно отсекување) на глава или слично.

Смртна казна во светот (2005):

сино: Укинато за сите казни

зелено:Укинато, со исклучоци

портокалово: Укинато де факто

црвено: Неукинато

Смртната казна е практикува речиси во секое општество, и на тој начин може да се смета како универзална, со исклучок верските водачи односно погубувања. Ова потекнува од пред сè различни земји и држави, и нивните позиции за погубувањ кои се разликуваат во однос на политичката идеологија или културниот регион на земјата. Во земјите членки на ЕУ, според член 2 на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија, се забранува употребата на смртната казна.[1]

Денес, голем дел од државите ја имаат укинато смртната казна, според податоци на Амнести интернешнал,[2] а за истото се залага и ООН преку Мораториумот на ООН за укинување на смртната казна. Но, повеќе од 60% од светската популација живее во земји каде се применува смртната казна и најверојатно нема да биде укинета во најскоро време.[3][4][5][6][7][8][9][10][11]

Историја

Извршувањето на криминални и политички погубувања се користело од страна на скоро сите општеста. Како една од основните причини била потиснување на осуденикот кон неговото политичко несогласување. Во поголемиот дел од случаите, смртната казна е проследена со убиство, шпионажа, предавство, или како дел од воена правда. Во некои земја смртната казна била и се употребува за сексуални злоупотреби, како што се силување, прељуба, инцест и слично. Во други земји пак, смртна казна се спроведува за верските злосторства. Ова посебно се однесува за исламските земји во која религијата е призната за државна а осуденикот ја отфрлува истата. Во многу земји смртната казна се употребува врз учесниците во трговијата со дрога. Во Кина, трговијата со луѓе и сериозни случаи на корупција исто така се казниви со смртна казна. Во армијата исто така во некои земји постои смртна казна доколку некој направи прекршок од типот на бегство на војникот, кукавичност, недисциплина или непослушност и слично.[12]

Употребата на смртната казна била практика уште од почетокот на т.н. пишана историја. Повеќето историски записи и разни примитивни племенски практики покажуваат дека смртната казна е дел од правниот систем. Казната обично е тесно поврзана со злосторството на прекршителот, кој во некои случаи би можело истата да биде заменета со телесна казна, бегство, егзил итн..

Крвната одмазда или освета пак постоела помеѓу општествата пред да биде воведен судскиот систем. Оваа форма на правда била заедничка пред појавата на судскиот систем кој бил заснован на религијата или организираната земја. Таа можела да произлезе од криминал, спорпво околу земјиштето или честноста. "Актите на одмазда ја истакнувале способноста на социјалнте групи да имаат можност да се бранат пред судските институции при создавање на некој прекршок вклучувајќи го и спорот околу имотот, праватаитн.." [13] Меѓутоа, на практика сепак е многу тешко да се направи разлика помеѓу “војна на одмазда“ и “војна на освојување“ односно завладување на некои имоти или права.

Смртни казни кои во текот на историјата се употребувале биле: погубување на тркало, бавно сечење или отсекување на делови од телото едно по едно, вадење на некои делови од телото, распнување, набивање на кол, кршење односно смачкување (најчесто со слон), каменување, горење на осуденикот, осакатување преку насилно теглење од сите страни на телото, сечење на телото, отсекување на главата, преку т.н. процес на скафизам итн.

Современа употреба

По крајот на Втората светска војна настапил период во кои земјите започнале да ги укинуваат смртните казни. Во 1977 година, 16 земји го сториле тоа. Денеска, 95 земји ја укинале смртната казна. Според Hands Off Cain, најмалку 5.727 погубувања биле извршени во 26 земји во 2008 година.[14]

Земјаброј
Кинанајмалку 1700[15] - 5000 [14]
Ираннајмалку 346
Саудиска Арабијанајмалку 102
Северна Корејанајмалку 63
САД37
Пакистаннајмалку 36
Иракнајмалку 34
Виетнамнајмалку 19
Авганистаннајмалку 17
Јапонија15
Јеменнајмалку 13
Индонезија10
Либијанајмалку 8
Суданнајмалку 5
Бангладеш5
Белорусија4
Сомалијанајмалку 3
Египетнајмалку 2
Обединети Арапски Емиратинајмалку 1
Малезијанајмалку 1
Монголијанајмалку 1
Сингапурнајмалку 1
Сирија1
Бахреин1
Боцвана1
Свети Китс и Невис1

Извршување на кривичните дела поврзани со дрога

Авганистан
Бангладеш
Брунеи
Кина[16]
Република Кина[17]
Египет
Индија
Индонезија
Иран
Ирак
Кувајт
Лаос
Малезија
Оман
Пакистан
Саудиска Арабија
Сингапур
Тајланд
САД
Виетнам
Зимбабве

Смртната казна како мотив во книжевноста

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица