Атакама

пустина во Јужна Америка

24°30′S 69°15′W / 24.500° ЈГШ; 69.250° ЗГД / -24.500; -69.250

Стаелитска снимка на Атакама.
Јужноамериканска сива лисица во Атакама.

Атакама (шпански: Atacama) — пустина во Јужна Америка која се простира околу 1 000 км покрај брегот на Тихиот Океан во северните делови на Чиле. Спаѓа во таканаречените приморски пустини, кои се формираат во тропските предели на западните брегови на континентите. Делумно е песоклива, а делумно каменита пустина. Годишните количества врнежи се под 50 мм. Температурите не се многу високи и се движат околу 20°С во јануари. Растителниот и животинскиот свет се сиромашни. На брегот на морето се јавуваат големи колонии на птици.


Заштитени подрачја

  • Национален парк Пан де Асукар
  • Национален резерват Пампа дел Тамаругал
  • Национален резерват Ла Чимба

Галерија

Поврзано

Користена литература

  • Braudel, Fernand, The Perspective of the World, ISBN 0-520-08116-1, vol. III of Civilization and Capitalism 1984 (originally published in French, 1979).
  • Sagaris, Lake Bone and dream : into the world's driest desert. 1st ed. -- Toronto : A.A. Knopf Canada, c2000. ISBN 0-676-97223-3

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица