Атеизам

Атеизам или безбожништво, во поширока смисла, е одбивањето на верување во постоењето на божества.[1] Во потесна смисла, атеизам е ставот дека не постојат божества.[2] Највклучително, атеизам едноставно е отсуство на верба дека постојат некои божества.[3] Атеизам е во контраст со теизам,[4] кој во својата најопшта форма е верувањето дека постои барем едно божество.[5][6]

Етимолошкиот корен од зборот атеизам (анг. atheism) потекнува пред 5-иот век п.н.е од Стара Грција ἄθεος (atheos), што значи "без Бог(ови)". Во тоа време, бил користен за луѓето кои одбивале да се покоруваат на Боговите во кои поголемата маса верувала. Православните христијани први почнале да го користат зборот во социјална категорија за тие кои не верувале во нивната вера. Сегашниот смисла на зборот почнала да се употребува од 16 век. Со ширењето на слободните мисли, научниот скептицизам, и критиките врз христијанството зборот атеизам ја има стеснето својата смисла. Првите луѓе кои почнале да се идентификуваат самите себеси како атеисти живееле во 18-ти век за време на просветителството.

Причината за неверувањето во божества се повеќе: недоволно научни докази , аргументот за неконстантен пекол , проблемот за злобата во светот и аргументот за неверство како најглавните. Атеизамот е по-парсиномна позиција со која секој е роден, за разлика од теизмот; затоа е аргументирано дека главниот товар на докажување на божествата треба да биде докажан од теистите, а не од атеистите.

Според неколку анкети утврдено е дека највеќе Атеисти постојат во Европа и Северна Азија. Во 2010, 20% од популацијата во Европската Унија се изјаснало дека не верува во "духови, маѓии и Бог".[7] Додека пак во 2015, 61% од населението во Кина се изјаснале дека се атеисти.[8]

Дефиниции и типови

Писателите не се согласуваат за тоа како најдобро да се дефинира и класифицира атеизмот. Атеизмот се смета како компатибилен со агностицизмот, и исто така е во контраст со него. Различни категории се користат за разликување на различните форми на атеизмот.

Овој дијаграм ја покажува врската помеѓу  дефинициите слаб/силен и имплицитен/експлицитен атеизам. (Големината на дијаграмот не ја покажува релативната големината на популациите)

Имплицитен и Експлицитен

Оваа форма на атеизам се разликува во тоа дали човекот свесно или несвесно не верува во божества. Оваа поделба датира од 1772 година кога  Барон д'Холбач рекол: "Сите деца се родени атеисти, немаат поим за Господ." Многу слично на ова во 1979 година Џорџ Х. Смит рекол: "Човекот кој не е запознаен со теизмот е атеист бидејќи не верува во Господ". Во групата на имплицитни атеисти спаѓаат луѓето кои не одржуваат верба во божества. Додека експлицитен атеист е тој кој што е свесен за теизмот, но не верува.

Позитивен и Негативен

Филизоферите Антони Флу[9] и Мајкл Мартин[10] атеизамот го поделиле на позитивен(силен/цврст) и негативен (слаб/мек). Позитивен е експлицитен аетизам кој тврди дека Богови не постојат. Додека негативен атеизам е секој друг вид на не-теизам.Термините слаб и силен се понови додека позитивен и негативен се многу по стари и се кориселе во филизофска литература.[11]

Дефиниција како невозможно или непостојано

Пред почетокот на 18 век, верувањето дека постои Бог било толку прифатено во западниот свет, што дури и можноста за вистински атеизам била во прашање. Ова се нарекува теистички innatism - идејата дека сите луѓе веруваат во Бог од раѓање; во овој поглед беше конотирано дека атеистите едноставно го негираат постоењето на Господ.

Дополнително, во овој период се тврдело дека атеистите веруваат во бога и во време на криза, дека атеистите пред смртна постела станувале верници , или дека "не постојат атеисти во рововите". Тоа значи дека под голем стрес атеистите станувале верници. Но сепак постојат примери за спротивното, меѓу нив и примери за буквално "атеисти во рововите". 

Некои атеисти се сомневале во потребата за терминот "атеизам". Во својата книга Писмо до христијанската нација , Сем Харис напишал:

Всушност, "атеизам" е термин кој дури и не треба да постои. Никој никогаш не треба да се идентификува како "не-астролог " или "не-алхемичар ". Немаме зборови за луѓе кои се сомневаат дека Елвис е жив или дека вонземјани ја поминале галаксијата само да ги малтретираат фармерите и добитокот. Атеизмот не е ништо повеќе од звуците кои разумните луѓе ги прават во присуството на неоправданите верски верувања. 

Прагматичен атеизам

Прагматичниот атеизмот е поглед дека треба да се однесува непочитувачки кон бог или богови, бидејќи тоа е непотребно за прагматичен живот. Ова гледиште е поврзано со апатеизамот и практичниот атеизам.

Аргументи

Онтолошки аргументи

Епикур е прв кредитиран за идејата за проблемот на злото. Дејвид Хјум во „Дијалози во врска со природната религија“ (1779) го цитираше Епикур во изјавата на аргументот како низа прашања: „Дали Бог сака да го спречи злото, но не може? Тогаш тој е импотентен. Дали може, но не сака? Тогаш тој е злонамерен. Дали може и сака? Тогаш зошто постои зло? Дали ни може, ни сака? Тогаш тој не e Бог."

Атеистите имаат дадено аргументи против постоењето на Боговите со самото одговарање на теистички аргументи како аргумент за дизајн и фамозниот Паскалов облог.

Епистемолошки аргументи

Некои атеисти тврдат дека луѓето не можат да го знаат Бог и да докажат дека постои Бог. Вториот е наречен агностицизам, која има различни форми. Во филозофијата на иманентност, божественоста е неразделна од самиот свет, вклучувајќи ги умот и на една личност, и свеста на секој човек која е заклучена во самиот човек. Според оваа форма на агностицизмот, ова ограничување во перспектива спречува било кој да дојде до заклучок за да го тврди постоењето на Бог. Рационалистичкиот агностицизам на Кант и Просветителството прифаќа само знаења изведени со човековиот разум; оваа форма на атеизам смета дека Боговите не се забележливи како принципиелно прашање, и затоа не може да се знае дека постојат. Скептицизам, врз основа на идеите на Хјум, тврди дека сигурноста за нешто не е невозможно, така што никогаш не може да се знае за сигурно дали господ постои или не. Хјум, сепак, смета дека непознати метафизички концепти треба да се отфрлат како "софистиката и илузијата". Распределбата на агностицизам и атеизмот е спорна; сите може да се сметаат како самостојни и да се сметаат како основен поглед на светот. 

Други аргументи за атеизам кои можат да се класифицираат како епистемолошка и онтолошка , вклучувајќи игностицизам , каде се тврди безначајноста и неразбирливоста на термините "Бог" и изјави како "Бог е семоќен". Теолошкиот нонкогнитивизам смета дека изјавата "Бог постои" не искажува ништо, но е бесмислено и когнитивно без причина. Се има аргументи за тоа дали таквите поединци се класифицираат во некоја форма на атеизам или агностицизам. Филозофите А. Џ. Ајер и Теодор М. Дранџ ги отфрлаат двете категории, во која велат дека и двете категории веруваат дека Бог постои и го ставаат нонкогнитивизамот во својата сопствена категорија. 

Метафизички аргументи

Филозофот Зофија Здубицка пишува:

"Метафизички атеизам ... ги вклучува сите доктрини кои го држат како метафизички монизам(хомогеност на реалноста) Метафизичкиот атеизам може да биде: а) апсолутен - експлицитено негирање на постоењето на Бог поврзано со материјалистичкиот монизам (сите материјалистички трендови, како во древните и модерните времиња), б) во однос - имплицитно негирање на Бога во сите филозофии , додека тие го прифаќаат постоењето на апсолутност, мислат дека апсолутнста не ги поседува атрибутите соодветни на Бога: трансценденција, личен карактер и единство. Релативниот атеизмот е поврзан со идеалистичкиот монизам (пантеизам, панентеизам, деизам). " [12]

Логички аргументи

Некои атеисти не веруваат во различните концепции на Боговите , како што е личниот Бог на христијанството бидејќи е опишен со логично неконзистентни квалитети. Таквите атеисти даваат дедуктивни аргументите против постоењето на Бога, што тврдат дека има некомпатибилност меѓу одредени особини, како што е совршенството,статусот на творец, непроменливоста, сезнаењето, сеприсутноста, семоќта, бесконечната добродушност, трансценденцијата, личноста (човечко суштество), нефизичноста, правдата, и милоста . 

Теолозните атеисти веруваат дека светот како што го живеат не може да се вклопи со квалитетите најчесто што ги има Бога и Боговите од теолозите. Тие тврдат дека сезнаен, семоќен, и бесконечно добродушен Бог не е компатибилен со еден свет каде постои зло и страдање, и каде Божествената љубов е скриена од многу луѓе. Сличен аргумент се припишува на Сидарта Гаутама , основачот на будизмот . 

Намалувачки сметки на религијата

Филозофот Лудвиг Фојербах  и психоаналитичар Зигмунд Фројд тврдат дека Бог и други религиозни верувања се човечки пронајдоци, создадени за да исполнат различни психолошки и емоционални сакања и потреби. Ова е исто така, во поглед на многу будисти. Карл Маркс и Фридрих Енгелс, под влијание на работата на Фојербах, тврдат дека верувањето во Бог и религијата се општествени функции, кои се користат од страна на оние кои се на власт да го угнетуваат народот на работничка класа. Според Михаил Бакунин, "идејата за Бог подразбира абдикација на човечкиот разумот и правдата, тоа е решавачката негација на човечката слобода, и нужно завршува во поробување на човештвото, во теорија и пракса". Тој го завртил познатиот афоризам на Волтер кој велел "Ако Бог никогаш не постоел, ќе биде потребно да биде измислен" со "Ако Бог навистина постои, тогаш ќе биде потребно да биде укинет." 

Атеизмот, религијата и духовноста

Атеизмот е во согласност со некои религиозни и духовни системи на верување, вклучувајќи ги и Хиндуизмот, Џаинизам, Будизмот, Синтеизмот, Раелизмот  и Неопаганските движења  како што се "Вика". Āstika училиштата во хиндуизмот го рачунаат атеизмот како валидна патека до Мокша, но многу тешка бидејќи атеистите нема да добијат помош од божественоста на своето патување. Џаинизамот верува дека универзумот е вечен и нема потреба од создавач на божества, сепак Титанкарасите се ценети и можат да го надминат времето и просторот и имаат повеќе енергија отколку Богот Индра. Секуларниот будизам не се залага за верување во Богови. Почетокот на будизмот бил атеистички и патот на Гаутама Будае не споменува никакви Богови. Во подоцни концепции на будизмот се смета дека Буда е Бог, укажува дека приврзаниците може да го станат на божјо ниво, но треба и да го почитуваат Бодиставас и Вечниот Буда .

Атеизмот и негативната теологија

Апофатичката теологија е често обвинета дека е верзија на атеизам или агностицизам, бидејќи не може да каже дека навистина постои Бог. "Споредбата е сурова, конвенционалниот атеизмот го третира постоењето на Бог како предикат кој може да се негира ("Бог е непостоечки"), додека негативната теологија негира дека Бог има предикати. "Бог или Божественоста е" без да даваат атрибути за квалитетност како "Што е тој". Ова ќе биде предуслов од позитивна теологија во негативната теологија што прави разлика помеѓу теизам и атеизам. "Негативната теологија е дополнување, а не непријател на позитивната теологија". 

Навод


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица