30 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

30 септември — 273-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(274-и во престапна година). Остануваат 92 денови до крајот на годината.

Настани:

489 Остроготите под воство на Теодорих Велики по вторпат извојувале победа над војската на италијанскиот крал Одоакар
1399 Хенри IV е прогласен за крал на Англија.
1814 По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864 Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.
1903 Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991 Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993 Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998 Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.

Родени:

1207 Џалалудин Румиперсиски исламски поет, правник и теолог.
1876 Милан Ракиќ — српски поет.
1917 Бади Рич — американски џез-музичар.
1924 Труман Капоти — американски писател.
1927 Вилијам Мервин — американски поет.
1931 Енџи Дикинсон — американска глумица.
1940 Здравка Крстуловиќ — хрватска и југословенска глумица.
1947 Марк Болан — англиски рок-музичар.
1962 Франк Рајкард — холандски фудбалер и тренер.
1962 Борислав Цветковиќ — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1980 Мартина Хингис — швајцарска тенисерка.
1980 Данте Амарал — бразилски одбојкар.
1980 Герт Стегманс — белгиски велосипедист.
1983 Андреа Радукан — романска гимнастичарка.
1986 Оливие Жиру — француски фудбалер.
1991 Џофри Ловерњ — француски кошаркар.
1997 Макс Ферстапен — белгиско-холандски автомобилист, првак во Формула 1.

Починале:

1955 Џејмс Дин — американски глумец.
1979 Зепо Маркс — американски глумец.
1986 Николас Калдор — британски економист.
1990 Патрик Вајт — австралиски писател, добитник на Нобеловата награда во 1973 година.
1989 Оскар Давичо — српски и југословенски писател.
1991 Тома Здравковиќ — српски фолк-пејач.
2001 Џон Лили — американски психолог.
2011 Анвар ал Авлаки — член на Ал-Каеда.
2019 Џеси Норман — американска оперска пејачка.

Празници:

٭ Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија — маченички од црковниот календар
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица