Зимски олимписки игри 2022

24. издание на зимските олимписки игри

XXIV Зимски олимписки игри (кинески: 第二十四届冬季奥林匹克运动会), познати и уште како Пекинг 2022зимски олимписки игри коишто се одржале од 4 до 20 февруари во Пекинг и неколку собиралиште во околните градови Јенќинг и Чунгли.[1] Натпреварите во некои спортови започнале на 2 февруари.[2]

XXIV Зимски олимписки игри
Град-домаќинПекинг, Кина
Гесло„Заедно за споделена иднина“
Земји-учеснички91
Натпреварувачи2.871 (1.581 маж и 1.290 жени)
Натпревари109 од 7 спортови
Свечено отворање4 февруари
Свечено затворање20 февруари
Отворена одСи Џинпинг
Олимписки оганДинигеер Јиламуѓанг
Џао Ѓавен
СтадионНационален стадион

Пекинг бил избран за град-домаќин на игрите на 128. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Куала Лумпур во јули 2015 година. Игрите биле првите зимски олимписки игри во Кина и последни од трите последователни во Источна Азија (по Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг и Летните олимписки игри 2020 во Токио). По организирањето на Летните олимписки игри 2008, Пекинг е домаќин на олимписките игри по втор пат и стана првиот град којшто бил домаќин како на летните, така и на зимските олимписки игри. Притоа, четири постојни собиралишта коишто биле изградени за потребите на Летните олимписки игри 2008 биле употребени за потребите на овие игри, а на Националниот стадион повторно е домаќин на церемониите на свечено отворање и затворање.

Зимските олимписки игри 2022 биле предмет на бројни грижи и контроверзии, како и на дипломатски бојкоти поради Ујугрскиот геноцид и состојбата со човековите права во Кина, така што некои земји испратиле спортисти, но не и дипломатски претставници.[3] Слично како и летните олимписки игри одржани шест месеца порано во Токио, како последица на пандемијата на КОВИД-19 се спроведувале здравствени и безбедносни протоколи, како и ограничување на посетеноста во собиралиштата.

Избор на град-домаќин

Календарот за избор на град-домаќин бил објавен од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во октомври 2012 година, а крајниот рок за поднесување на кандидатурите бил 14 ноември 2013 година. Извршниот одбор на МОК ги прегледал кандидатурите на сите градови на 7 јули 2014 години и во потесен круг ги одбрал: Осло, Алмати и Пекинг.[4]

Неколку олимписки комитети ги откажале своите кандидатури, а како причина ги навеле високите трошоци и недостигот на локална поддршка и финансии за одржување на игрите.[5] Норвешкиот олимписки и параолимписки комитет и Конфедерациата на спортови ја повлекле фаворизираната кандидатура на Осло откако барањето за финансирање на предложените олимписки игри било одбиено од страна на Норешкиот парламент. Јавното мислење за кандидатурата било изразито негативно поради грижите во врска со трошоците коишто го надиминувале износот за Зимските олимписки игри 2014 во Сочи и особено поради некои барања коишто МОК наводно ги имал во врска со гостопримливоста. Барањата вклучувале луксузно сместување за членовите на МОК, посебни ленти на сите патишта коишто би ги користеле само членовите на МОК, како и коктелски пречек во Кралската палата за којшто би платило кралското семејство. МОК исто така побарал промотивниот простор низ Осло исклучиво да се користи за промовирање на нивните спонзори, што е невозможно во Норвешка затоа што земјата е либерална демократија каде што владата не го поседува или контролира целокупниот простор за рекламирање низ Осло, којшто во голема мера е во приватна сопственост, и нема овластување на странска приватна организација да ѝ дава исклучително право да го користи целиот град и приватната сопственост во него.[6] Некои коментатори посочиле дека ваквите барања биле непознати во западна демократија; списанието „Slate“ го опишало МОК како „непоправливо смешна организација раководена од ситни измамници и наследни аристократи“.[7][8][9][10]

Пекинг бил избран за град-домаќин на Зимските олимписки игри 2022 откако го победил Алмати за четири гласа на 128. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Куала Лумпур на 31 јули 2015 година.

Избор на домаќин на ЗОИ 2022
ГрадЗемјаГласови
Пекинг  China44
[[Алмати  Kazakhstan40

Игрите

Свечено отворање

Слично како и на Летните олимписки игри 2008, церемонијата на свечено отворање на Зимските олимписки игри 2022 се одржала на Националниот стадион (исто така познат и како „Птичје гнездо) на 4 февруари 2022 година.[11]

Спортови

Зимските олимписки игри 2022 вклучуваат 109 натпревари во 15 дисциплини во 7 спортови.[12] Медалисе доделуваат во седум нови натпревари, вклучувајќи ги машкиот и женскиот натпревар во биг ејр во слободно скијање, женскиот натпревар во единечен боб, мешаните екипни натпревари во скијачка акробатика, скијачки скокови и бордкрос, како и мешаната штафета во брзо лизгање на кратки патеки.[13]

Бројките во загради го означуваат бројот на натпревари за коишто биле доделени медали во секоја дисциплина.

Нови натпревари

Во октомври 2016 година, Меѓународната сикајчка федерација (ФИС) соопштила дека планира да започне со организирање женски натпревари во нордиска комбинација, со цел дисциплината за првпат да биде вклучена во олимписката програма на игрите во Пекинг.[14] Во ноември 2017 година, ФИС предложила дополнителни три натпревари: мешан екипен натпревар во скијачки скокови, како и машки и женски натпревар во биг ејр во слободно скијање.[15] На конгресот одржан во скијачкиот центар Коста Наварино во Месенија во мај 2018 година, ФИС на разгледување поднеле уште неколку дополнителни натпревари, вклучувајќи го предлогот телемаркот да стане нова олимписки дисциплина на игрите во Пекинг со предложени натпревари во машки и женски паралелен спринт и мешан екипен паралелен спринт. На конгресот исто така било одобрено поднесувањето на предлогот за вклучување на мешан екипен натпревар во скијачка акробатика и неколку натпревари во скијање на даска: машки и женски екипни натпревари во бордкрос, мешан екипен натпревар во паралелно алпско скијање, машки и женски натпревар во посебен паралелен слалом, како и машки екипен натпревар во посебен паралелен слалом.[16] Поединечните натпревари во посебен паралелен слалом се одржале на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, но биле исклучени од програмата на Зимските олимписки игри 2018 за да може да се остави простор за вклучување на натпреварите во бег ејр во скијање на даска.

Меѓународната санкачка федерација (ФИЛ) предложила вклучување на шест нови натпревари, вклучувајќи машки и женски натпревар во санкање на природна патека, натпревар во женски двојки на вештачка патека, како и машки, женски и натпревари во двојки во спринт на вештачка патека.[17][18]

Меѓународниот лизгачки сојуз (ИСУ) продолжил со заложбите за вклучување на синхронизираното лизгање како нов натпревар во рамки на дисциплината уметничко лизгање.[19] ИСУ исто така предложил нов мешан екипен натпревар во брзо лизгање на кратки патеки.[17]

Во биатлон, поединечна мешана штафета била предложена од страна на Меѓународниот биатлонски сојуз (ИБУ) за да се надополни четиричлената мешана штафета којашто се одржала на Зимските олимписки игри 2018.[17] Исто така, Меѓународната федерација за боб и скелетон (ИБСФ) предложила нов екипен натпревар, но немала намера за вклучување на женски натпревар во четворка во боб, и покрај препораката на извршниот одбор на федерацијата таков натпревар да биде предложен во интерес на родовата еднаквост.[17]

Во јули 2018 година, МОК ги соопштил измените во програмата за Зимските олимписки игри 2022 во насока на зголемување учеството на жените и со повик до помладата публика. Седум нови натпревари, во коишто ќе бидат доделени медали, биле додадени и со тоа вкупниор број натпревари во програмата се зголемил на 109. Тие се: машки и женски натпревар во биг ејр во слободно скијање, женски натпревар во единечен боб, мешани екипни натпревари во скијачка акробатика, скијачки скокови и бордкрос, како и мешана штафета во брзо лизгање на кратки патеки.[20] Нордиската комбимација во женска конкуренција не била додела, така што ова останува единствениот зимски олимписки спорт во којшто се натпреваруваат само мажи.

Свечено затворање

Церемонијата на свечено затворање на Зимските олимписки игри 2022 исто така се одржала на Националниот стадион на 20 февруари 2022 година.[11] Во согласност со Олимписката повелба, настанот вклучувал формално затворање на игрите со издигање на знамињата на Грција (духовен дом на игрите), Кина (тековна земја домаќин) и Италија (следна земја домаќин), парада на спортистите и примопредавање на олимпиското знаме. Посебен дел бил посветен на културата и историјата на Милано и Кортина д'Ампецо како градови домаќини на Зимските олимписки игри 2026.[21]

Земји учеснички

Вкупно 91 земја обезбедиле учество на игрите, што е за две помалку од претодните ири, а Хаити и Саудиска Арабија настапиле за првпат.[22][23] Кенија обезбедиле учество за еден спортист, но се откажале.[24]

  Земји учеснички на Зимските олимписки игри 2022
  Земји кои за првпат учествуваат на Зимските олимписки игри
  Жолтиот круг го означува градот домаќин (Пекинг)
Земји учеснички
Земји кои учествувале во 2018, но не во 2022Земји кои учествуваат во 2022, но не во 2018

Број на спортисти по земји учеснички

Од 30 јануари 2022

Распоред

Сите саатници се по Пекиншко време (UTC+8)

Натпреварите започнале на 2 февруари, односно два дена пред церемонијата на свечено отворање, а завршиле на 20 февруари 2022 година.[117]

ЦОЦеремонија на отворањеНатпревари1Гинални натпревариЕЕгзибициски настанЦЗЦеремонија на затворање
февруари 20222
сре.
3
чет.
4
пет.
5
саб.
6
нед.
7
пон.
8
вто.
9
сре.
10
чет.
11
пет.
12
саб.
13
нед.
14
пон.
15
вто.
16
сре.
17
чет.
18
пет.
19
саб.
20
нед.
Вкупно
натпревари
Церемонии (отворање/затворање)ЦОЦЗН/П
Алпско скијање211111111111
Биатлон111112111111
Боб11114
Брзо лизгање11111111211214
Брзо лизгање на кратки патеки1211229
Карлинг1113
Бордиска комбинација1113
Санкање11114
Скелетон112
Скијање на даска1121211211
Скијачки скокови111115
Скијачко трчање112111121112
Слободно скијање1111121112113
Хокеј на мраз112
Уметничко лизгање11111Е5
Вкупен број натпревари00066910687675976494109
Збирен број натпревари000612213137455258657079869296105109
февруари 20222
сре.
3
чет.
4
пет.
5
саб.
6
нед.
7
пон.
8
вто.
9
сре.
10
чет.
11
пет.
12
саб.
13
нед.
14
пон.
15
вто.
16
сре.
17
чет.
18
пет.
19
саб.
20
нед.
Вкупно
натпревари


Краток преглед

Норвежанецот Јоханес Тингнес Бе бил најуспешен натпреварувач на игрите
  • Норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бе освоил четири златни и еден бронзен модел, со што бил најуспешен натпреварувач на игрите. Тој победил во спринтот на 10 км и масовниот старт на 15 км, како и со штафетите на Норвешка на 4 х 7,5 км и 2 х 6 км + 2 х 7,5 км, а бронза освоил во поединечната трка на 20 км. Најуспешна натпреварувачка со три златни и два бронзени медали била Марте Олсбу Ројселан, исто така од Норвешка и исто така во биатлон. Таа победила во спринтот на 7,5 км и потерата на 10 км, како и со мешаната штафета на 4 х 7,5 км + 2 х 6 км, а бронза освоила во масовниот старт на 12,5 км и поединечната трка на 15 км. Со тоа, таа станала вториот натпреварувач во биатлон по сонародникот Оле Ејнар Бјорндален со освоен медал во сите поединечни натпревари на едни олимписки игри.[118]
  • Натрепварите во скијачко трчање ги одбележале Русинот Александар Болшунов и Норвежанката Терезе Јохауг. Болшунов освоил три златни и по еден сребрен и бронзен медал, победувајќи во скиатлон, трката на 50 км слободен стил и со штафетата на 4 х 10 км, додека Јохауг освоила три златни медали, победувајќи во скиатлон, трката на 10 км класичен стил и трката на 30 км слободен стил.
Холандската лизгачка Ирен Вист освоила поединечен златен медал на петти олимписки игри
  • Во брзо лизгање, најуспешна била Холанѓанката Ирен Шутен која освоила злато во трките на 3.000 м, 5.000 м и во масовниот старт, како и бронза во екипната трка. Со победата во трката на 1.500 м, нејзината сонародничка Ирен Вист станала првиот спортист со освоен златен медал во поединечна конкуренција на пет различни олимписки игри.[119] Освен тоа, германската лизгачка Клаудија Пехштајн учествувала на своите осми олимписки игри, со што станала жена со најмногу учества на зимските олимписки игри, а била и знаменосец на церемонијата на свеченото отворање.[120] Во машка конкуренција, шведскиот натпреварувач Нилс ван дер Пул на светските титули на 5.000 и 10.000 м ги придодал и олимписките, а во трката на 10.000 м поставил и нов светски рекорд.[121][122]
  • Италијанската лизгачка на кратки патеки Аријана Фонтана го одбранила златото во трката на 500 м освоено на претходните игри, а освоила и сребро во трката на 1.500 м и мешаната штафета на 2.000 м. Со тоа, таа избила на прво место по бројот на освоени медали во брзо лизгање на кратки патеки на олимписките игри со вкупно 11 медали откако претходно била изедначена со Аполо Оно и Виктор Ан со по 8 медали, а исто така станала и најуспешна италијанска олимпијка по бројот на освоени медали на сите времиња.
  • Скијачите од Швајцарија ги одбележале натпреварите во алпско скијање со освоени 5 златни од вкупно 9 медали. Сепак, најуспешен алпски скијач бил Австриецот Јоханес Штролц, кој пред олимписките игри имал само еден подиумски пласман во Светскиот куп со слаломската победа во Аделбоден во јануари 2022 година, но игрите ги завршил со два злати и еден сребрен медал, победувајќи во комбинација и екипниот натпревар, а завршувајќи на второто место во слаломската трка. Со оглед на тоа што неговиот татко Хуберт Штролц победил исто така во комбинација на Зимските олимписки игри 1988 во Калгари, тие станале единствените татко и син со олимписко злато во алпско скијање. Во женска конкуренција, најуспешна натпреварувачка била Австријката Катарина Линсбергер со еден златен медал во екипниот натпревар и еден сребрен медал во слалом.
Руската лизгачка Камила Валиева, која на овие игри станала првата жена којашто извела четирикратен скок, била предмет на скандал којшто ги засенил натпреварите во уметничко лизгање
  • Во уметничко лизгање, француската танцова двојка Габриела Пападакис и Гијом Сизерон среброто од игрите во Пјонгчанг го претвориле во злато, а истото ѝ успеало и на кинеската спортска двојка Суеј Венѓинг и Хан Цунг, кои со овој успех го комплетирале Грен-слемот во овој спорт. Руската лизгачка Камила Валиева станала првата жена којашто извела четирикратен скок на олимписките игри, а нејзината сонраодничка Александра Трусова станала првата жена којашто извела пет четирикратни скока во една програма, но поради нејзиниот заостаток по задолжителната програма тоа било доволно само за сребрен медал, веднаш зад тековната светска првенка Александра Шчербакова. Сепак, натпреварите во овој спорт биле засенети со наводните тврдења за употреба на недозволени средства од страна на Камила Валиева којашто требало да биде една од главните ѕвезди на игрите. Откако на 9 февруари некои медиуми објавиле дека Валиева имала позитивен тест на недозволената супстанција триметазидин[123][124] и тоа било официјално потврдено на 11 февруари,[125] по неколкудневна неизвесност во врска со нејзина можна суспензија Судот за спортска арбитража на 14 февруари конечно донел одлука да ѝ дозволи да настапи поради тоа што била помлада од 16 години и со тоа била „заштитена личност“ согласно кодексот на Светска антидопинг агенција.[126][127] Валиева подлегнала на притисокот и по слободната програма во којашто имала два пада и уште неколку грешки завршила на четвртото место, иако била водечка по задолжителната програма.[128]
  • Натрепварите во санкање, скелетон и боб завршиле со апсолутна доминација на натпреварувачите од Германија коишто освоиле 9 златни од расположливите 10 и вкупно 16 од расположливите 30 медали. Во санкање, Натали Гајзенбергер по втор пат успеала да ги одбрани олимписките злата во поединечната и штафетната трка, а истото им пошло од рака и на Тобијас Вендл и Тобијас Арлт во трката во двојки и во штафетната трка.
  • Американската скијачка на даска Линдзи Џекобелис го освоила златниот медал во натпреварите во бордкрос, со што успеала да се искупи за непотребниот скок пред самиот крај на завршната трка на игрите во Торино поради којшто го изгубила златото и завршила на второто место. Таа освоила злато и во мешаниот екипен натпревар заедно со сонародникот Ник Баумгартнер.
  • Во слободно скијање, кинеската скијачка и манекенка на Викторија Сикрет Ејлин Гу победила во биг ејр и хафпајп, а освоила сребро и во слоупстајл, со што станала првиот слободен скијач со освоени три медали на едни олимписки игри.[129][130]
  • Машкиот турнир во хокеј на мраз на втори игри по ред се одржал без хокеари од Националната хокеарска лига откако нејзините челници не им одобриле на клубовите да ги ослободат своите играчи поради грижите поврзани со пандемијата на КОВИД-19. Своето прво злато на олимписките игри го освоила репрезентацијата на Финска којашто во завршниот натпревар со пресврт ја совладала репрезентацијата на Русија со 2-1.
  • Во карлинг, репрезентацијата на Шведска предводена од Никлас Един го освоила златниот модел на машкиот турнир откако во 2010 година завршиле на четвртото место, во 2014 година на третото место, а на игрите во 2018 година на второто место.
  • Најуспешна нација на игрите била Норвешка со рекордни 16 златни и вкупно 37 медали.

Освојувачи на медали

  *   земја домаќин (Кина)

Список на земји со освоени медали[131]
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка (NOR)1681337
2  Германија (GER)1210527
3  Кина (CHN)*94215
4  САД (USA)810725
5  Шведска (SWE)85518
6  Холандија (NED)85417
7  Австрија (AUT)77418
8  Швајцарија (SUI)72514
9  РОК (ROC)6121432
10  Франција (FRA)57214
11–29Останати земји233948110
Вкупно109109109327

Белешки

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица