Номенклатура на територијални статистички единици

Номенклатурата на територијални статистички единици или NUTS (од фр. nomenclature d'unités territoriales statistiques) — геокоден стандард за означување на административните единици на земјите за статистички цели. Стандардот е на Европската Унија и затоа подробно ги разработува само нејзините членки. NUTS игра клучна улога во работењето на Структурните фондови на ЕУ.

Организацијата Евростат на секоја земја ѝ доделува три степени. Регионите на некои степени не се совпаѓаат со административните единици на земјата. Кодот на NUTS почнува со двебуквен код за земјата (исто што и кодот од ISO 3166-1 алфа-2 освен UK наместо GB кај Велика Британија). Потоа делбената единица има свој број. Единиците од втор и трет степен имаат свои дополнителни броеви. Броевите почнуваат со 1, бидејќи 0 означува повисок степен. Во случаи кога има повеќе од девет единици се користат големи букви како дополнување. Сличен систем важи и за земјите-кандидати и членките на Европската асоцијација за слободна трговија, но тие технички не се дел од NUTS, и затоа за нив не важат тие регулативи.

Тековната класификација на NUTS (важечка 1 јануари 2008 - 31 декември 2011) содржи 97 региони на NUTS 1, 271 региони на NUTS 2 и 1303 региони на NUTS 3).[1]

Покрај трите нивоа за секоја земја од ЕУ, сите останати земји во светот имаат NUTS-код со двебуквен код за континент и две бројки за земја. Сојузните држави, покраините и териториите во САД, Канада и Австралија имаат посебна нумерација. Во системот постојат извесни аномалии: на пр. Гибралтар се наведува како територија вон ЕУ со кодот EO21, додека пак Француска Гвајана е наведена двапати, еднаш како дел од Франција (код: FR930) и еднаш како територија во Јужна Америка (код: AS13). Во извесна мера NUTS е сличен на стандардот ISO 3166-2 и стандардот FIPS 10-4 во САД.

Степени

Под трите нивоа на, постојат и два степена на LAU (локални самоуправни единици). Во случајот на Република Македонија, тие се LAU-1: општини и LAU-2: населени места (вид. примерот подолу).

NUTS-1
NUTS-2
NUTS-3
ЗемјиNUTS 1NUTS 2NUTS 3
Членки на ЕУ27972711303
АвстријаATГрупи покраини3Сојузни покраини9Групи окрузи35
БелгијаBEРегиони3Покраини (+ Брисел)11Окрузи (Вервие е поделен на две)44
БугаријаBGРегиони2Плански региони6Области28
КипарCY111
ЧешкаCZ1Области8Краеви14
ГерманијаDEСојузни покраини16Административни подрачја (или еквив.)39Окрузи429
ДанскаDK1Региони5Краишта11
ЕстонијаEE11Групи окрузи5
ШпанијаESГрупи од автономни заедници717 автономни заедници и 2 автономни града19Покраини + острови + Сеута и Мелиља59
ФинскаFIКопнена Финска, Оланд2Големи подрачја5Покраини20
ФранцијаFRZ.E.A.T. + DOM9Региони + DOM26Департмани + DOM100
ГрцијаGRГрупи од развојни региони4Периферии13Префектури51
УнгаријаHUСтатистички големи региони3Планско-статистички региони7Окрузи + Будимпешта20
ИрскаIE1Регионални собранија2Регионални управни органи8
ИталијаITГрупи региони5Региони (Трентино-Јужен Тирол е поделен на две)21Покраини107
ЛитванијаLT11Окрузи10
ЛуксембургLU111
ЛатвијаLV11Ретиони (+ Рига)6
МалтаMT11Острови2
ХоландијаNLГрупи покраини4Покраини12COROP-региони40
ПолскаPLРегиони6Војводства16Подрегиони66
ПортугалијаPTКонтинент (+ Азори и Мадејра)3Регионални комисии за усогласување + автономни региони7Групи општини30
РоманијаROМакрорегиони4Региони8Окрузи + Букурешт42
ШведскаSEРегиони3Државни подрачја8Окрузи21
СловенијаSI1Макрорегиони2Статистички региони12
СловачкаSK1Области4Краеви8
ХрватскаHR1Региони3Жупании21
Велика БританијаUKРегиони во Англија9Грофовии (некои групирани); Внатрешен и Надворешен Лондон30Виши органи или групи нижи органи (унитарни управни органи или окрузи)93
Велс1Групи од унитарни единици2Групи од унитарни единици12
Шкотска1Групи од унитарни единици и окрузи4Групи од унитарни единици или окрузи23
Северна Ирска11Групи од окрузи5
Земји-кандидати51632113
ИсландIS11Престолн. подрачје / остаток од земјата2
МакедонијаMK11Статистички региони8
Црна ГораME111
ТурцијаTRРегиони12Подрегиони26Покраини81
Земји на ЕФТА331546
ЛихтенштајнLI111
НорвешкаNO1Региони7Окрузи19
ШвајцаријаCH1Региони7Кантони26

Воспоставување

Регионите на NUTS се водат според постоечките административни единици во земјите. Во земјите кајшто постојат само еден до два вида единици, или кајшто тие се премали, се создава втор и/или трет степен. Ова може да се врши на првиот степен (на пр. Франција, Италија, Грција и Шпанја), или на вториот степен (на пр. Германија) и/или на третиот степен (на пр. Белгија).[2] Кај помалите земји, каде сета држава би се класификувала на ниво NUTS 2 или NUTS 3 (на пр. Македонија, Луксембург, Кипар, Ирска), степените 1, 2 и/или 3 се идентични со повисокиот степен и/или целата земја. Тоа може да се види подолу од примерот со Македонија.

Праговите во табелава се водич за воспоставување на единици, но нивната примена не е строга. На пример, Корнвол (нас. 531.600) и Ломбардија (нас. 10 милиони) се обата региони на NUTS 2.

СтепенНајмалкуНајвеќе
NUTS 13 милиони7 милиони
NUTS 2800.0003 милиони
NUTS 3150.000800.000

Примери

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица