Хронична опструктивна белодробна болест

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ), уште позната и како хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и хронична опструктивна болест на дишните патишта (ХОБДП), се само некои називи за тип на опструктивна белодробна болест што се одликува со хронично мал проток на воздух. Со тек на време се влошува. Главните симптоми вклучуваат недостиг на воздух, кашлива и шлаем.[1] Повеќето што имаат '„хроничен бронхит“' имаат ХОПБ.[2]

Хронична опструктивна белодробна болест
Микроскопска патологија на бел дроб со центрилобуларен емфизем што е карактеристичен кај пушење. Овој крупен кадар од фиксирана, исечена површина на бел дроб има повеќе празнини што се густо обложени со наслаги од црн јаглерод.
СпецијалностПулмонологија Уреди на Википодатоците

Најчеста причина за ХОПБ е пушење тутун, а има и многу други фактори како загадување на воздух и генетика, кои имаат помала улога.[3] Во земјите во развој најчест извор на загадување на воздухот доаѓа од слаба вентилација на оган за готвење и греење. Долготрајната изложеност на овие раздразнувачи предизвикува воспалителна реакција во белите дробови, што резултира со стеснување на малите дишни патишта и разложување на белодробното ткиво што е познато како емфизем.[4] Дијагнозата се заснова на слаб доток на воздух кој се мери со тест за белодробна функција.[5] За разлика од астмата, смалениот доток на воздух не се подобрува значително со давањето лекарства.

ХОПБ може да се спречи со намалување на изложеноста на познатите причинители. Ова вклучува обид за намалување на стапките на пушењето и подобрување на квалитетот на воздухот во затворен простор и на отворено. Лекувањето на ХОПБ опфаќа: откажување од пушење, вакцинирање, рехабилитација, а често и инхалација со бронходилататори и стероиди. Кај некои, корист може да има од долготрајна терапија со кислород или пресадување на бел дроб.[4] Кај оние што имаат периоди на акутно влошување, потребна е зголемена употреба на лекарства и хоспитализација.

Во светот ХОПБ ја има кај 329 милиони луѓе или речиси 5% од популацијата. Во 2012 година се вбројуваше како трета водечка причина за смртност, а уби над 3 милиони луѓе.[6] Се предвидува бројот на смртни случаи да се зголемува поради зголемени стапки на пушачи и старата популација на многу земји.[7] Тоа резултираше со проценет економски трошок од 2,1 билиони американски долари во 2010 година.[8]

Видео објаснување

Знаци и симптоми

Најчести симптоми на ХОПБ се производство на исплувок, недостиг на воздух и продуктивна кашлица.[9] Овие симптоми се присутни подолго време[2] и обично со тек на време се влошуваат.[4] Не е познато дали постојат различни типови на ХОПБ.[3] Претходно болеста се делела на емфизем и на хроничен бронхит, но емфиземот е само опис на белодробна промена, не на самата болест. Хроничниот бронхит, пак, само ги опишува симптомите што може да се појават со ХОПБ.[1]

Кашлица

Хроничната кашлица е, обично, првиот симптом што се појавува. Кога опстојува повеќе од три месеци и повеќе од две години, во комбинација со производството на исплувок, а за што нема друго објаснување, се смета, по дефиница, за хроничен бронхит. Оваа состојба може да се појави пред ХОПБ целосно да се развие. Количеството на произведен исплувок може да се менува во текот на неколку часа или денови. Во некои случаи кашлицата може да отсуствува или да се појави само повремено, или да биде сува кашлица. Некои што имаат ХОПБ симптомите ги припишуваат на „пушачка кашлица“. Исплувокот може да се проголта или да се исплука, често, во зависност од општествени и културни фактори. Енергичното кашлање може да доведе до скршеници на ребра или кратко губење на свест. Луѓето со ХОПБ често имаат историја со „настинкаи“ што траат долго.[9]

Неодстиг на воздух

Недостигот на воздух, често, е симптомот кој најмногу пречи.[10] Често го опишуваат како: „тешко ми оди дишењето“, „немам воздух“ или „не можам убаво да вдишам“.[11] Меѓутоа, во различни култури може да се користат различни термини.[9] Обично недостигот на воздух се влошува при егзацербација, трае подолго и со тек на време се влошува.[9] Во напредните степени се појавува при одмор и може постојано да биде присутен.[12][13] Предизвикува и нервоза и влошен квалитет на живот кај болните со ХОПБ.[9] Многумина со напредна ХОПБ дишат преку напрчени усни, а со тоа кај некои може да се подобри недостигот на воздух.[14][15]

Други одлики

In COPD, it may take longer to breathe out than to breathe in.[16] Chest tightness may occur[9] but is not common and may be caused by another problem.[10] Those with obstructed airflow may have wheezing or decreased sounds with air entry on examination of the chest with a stethoscope.[16] A barrel chest is a characteristic sign of COPD, but is relatively uncommon.[16] Tripod positioning may occur as the disease worsens.[2]

Напредната ХОПБ води до висок притисок во белодробните артерии, што става напор врз десната комора од срцето.[4][17][18] Оваа ситуација се нарекува кор пулмонале и води до симптоми на отекување на нозете[9] и набрекнување на вратните вени.[4] ХОПБ е позастапена причина на кор пулмонале од другите белодробни заболувања.[17] Кор пулмонале е помалку застапена состојба откако се користи кислород како додаток.[2]

ХОПБ често се јавува со други состојби, делумно поради заемните ризик-фактори.[3] Овие состојби вклучуваат: исхемична срцева болест, висок крвен притисок, дијабетес мелитус, атрофија, остеопороза, рак на бели дробови, анксиозно нарушување и депресија.[3] Кај оние со сериозна болест често се јавува чувство на умор.[9] задебелување на ноктите не се карактеристични за ХОПБ, така што треба да поттигнат испитувања за скриен рак на белите дробови.[19]

Егзацербација

акутна егзацербација на ХОПБ се дефинира како зголемен недостиг на воздух, зголелемено производство на исплувок, промена на бојата на исплувокот од провидна до зелена или жолта или зголемена кашлица кај заболен од ХОПБ.[16] Тоа може да се појави со знаци на зачестено дишење како брзо дишење, забрзано срцебиење, потење, активна употреба на вратни мускули, синкава боја на кожата и забуна или борбено однесување при сериозни егзацербации.[16][20] При преглед со стетоскоп на белите дробови може да се слушне шуштење.[21]

Причина

Примарна причина за ХОПБ е чадот од цигарите, а во некои земји значителни причинители се професионалната изложеност и загадувањето од оган во затворен простор.[1] Обично оваа изложеност мора да се случува неколку децении пред да се појават симптомите.[1] Генетскиот склоп на поединецот исто така влијае на ризикот.[1]

Пушење

Процент на жени што пушат тутун од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите.
Процент на мажи што пушат тутун од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите. Може да се забележи дека стапките кај мажите и жените се разликуваат.[22]

Примарен ризик-фактор за ХОПБ во светот е пушење тутун.[1] Од пушачите околу 20% ќе добијат ХОПБ,[23] а од оние што цел живот се пушачи, половината ќе добијат ХОПБ.[24] Во Соединетите Американски Држави и во Обединетото Кралство, од болните со ХОПБ 80-95% се или тековно пушачи или претходно биле пушачи.[23][25][26] Веројатноста од заболување со ХОПБ се зголемува со вкупната изложеност на чад.[27] Освен тоа, жените се поподложни на штетните ефекти на чадот од мажите.[26] Кај непушачите, пасивното пушење е причина за околу 20% од случаите.[25] Другите типови на пушење, како пушењето марихуана, пури и наргиле, се исто така ризик.[1] Жените што пушат за време на бременост може да го зголемат ризикот од ХОПБ кај своето дете.[1]

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица