Шинзо Абе

Шинзо Абе (јапонски: 安倍 晋三; 21 септември 19548 јули 2022) — јапонски политичар и двапати премиер на Јапонија.

Портрет на Шинзо Абе од 2020 г.

Аби бил најмладиот премиер во јапонската историја и прв премиер на Јапонија роден после Втората светска војна.

Животопис

Абе потекнува од едно од најугледните јапонски политички семејство (неговиот дедо Кан Аве и татко му Шинтаро Абе биле исто така угледни политичари). Преку сопругата Јоко Киши е поврзан со некогашниот премиер на Јапонија Нобусуке Киши.

После студиите во Јапонија и САД, во 1979 година се вработил во претпријатието „Кобе стил“. Од 1982 работел во Министерството за надворешни работи на Јапонија, занимавајќи се со политиката во склопот на Либерално-демократската парија. Во 1993 година првпат е избран за пратеник во народното собрание на Јапонија.

На 20 септември 2006, партијата го предложила како кандидат за нов премиер, па на 29 септември 2006 го заменил дотогашниот премиер Џуничиро Коизуми.

Оставка на местото премиер на Јапонија поднел на 12 септември 2007 година, а го наследил Јасуо Фукуда. На изборите во 2012 г. повторно ги добива гласовите за премиерското место од неговиот претходник, Јошихико Нода, стапувајќи на функцијата на 26 декември 2012.

По вториот мандат и оставката, Абе бил заменет на премиерското место од Јошихиде Суга почнувајќи од 16 септември 2020 г. Продолжил со својата политичка активност сè до неговиот атентат за време на кампања.

Атантат

На 8 јули 2022 г. Абе бил застрелан додека држел говор на митиг во Нара, и подоцна истиот ден им подлегнал на повредите откако настапил срцев застој.[1]Полицијата го привела осомничениот сторител Јамагами Тецуја за кој се смета дека го застрелал поради незадоволство од неговите почитички дејства. Тецуја е поранешен припадник на Јапонската морнарица.[2]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица