29 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

29 октомври — 302-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(303-и во престапна година). Остануваат 63 денови до крајот на годината.

Настани:

1923 Турција е прогласена за република — Национален ден на Турција.
1944 Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.
1994 По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.
2013 Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија.

Родени:

1507 Фернандо Алварес де Толедо — шпански војсководец.
1815 Лудовит Штур — словачки војсководец.
1816 Фердинанд II — крал на Португалија од 1836-1855.
1875 Марија Единбургска — кралица на Романија.
1879 Франц фон Папен — германски канцелар.
1890 Ханс-Валентин Хубе — германски генерал.
1897 Јозеф Гебелс — германски нацистички функционер и пропагандист.
1906 Фредрик Браун — американски писател.
1922 Александар Зиновјев — руски логичар и социолог.
1924 Збигњев Херберт — полски поет, есеист и драматург.
1926 Неџметин Ербакан — премиер на Турција од 1996 до 1997 година.
1929 Евгениј Примаков — руски политичар.
1930 Берни Еклстон — генерален директор на „Формула 1“.
1938 Елен Џонсон Серлиф — претседател на Либерија.
1943 Дон Симпсон — американски филмски продуцент.
1943 Душан Ивковиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер.
1945 Гафур Џабир Ахмети — македонски писател, публицист и преведувач.
1946 Вахидин Мусемиќ — босански и југословенски фудбалер.
1946 Питер Грин — британски рок-музичар, член на групата „Флитвуд мек“.
1947 Ричард Драјфус — американски глумец.
1950 Абдула Ѓул — претседател на Турција.
1954 Петре Латиновски — градоначалник на Општина Бутел.
1960 Агим Чеку — премиер на Косово.
1964 Стеван Стојановиќ — српски и југословенски фудбалски голман.
1964 Зоран Ставревски — министер за финансии во Владата на Република Македонија.
1970 Едвин ван дер Сар — холандски фудбалски голман.
1970 Филип Коку — холандски фудбалер.
1971 Винона Рајдер — американска глумица.
1973 Робер Пирес — француски фудбалер.
1981 Аманда Берд — американска пливачка.
1984 Алваро Рафаел Гонсалес — уругвајски фудбалер.
1988 Дмитри Мусерски — руски одбојкар.

Починале:

1268 Конрадин — крал на Ерусалим.
1321 Стефан II Милутин — крал на Србија.
1395 Иван Шишман — бугарски цар.
1618 Волтер Роли — англиски шпион, писател и поет.
1783 Жан ле Рон Даламбер — француски математичар, физичар и филозоф.
1889 Николај Чернишевски — руски револуционер, филозоф и социјалист.
1908 Силвие Страхимир Крањчевиќ — хрватски поет.
1911 Џозеф Пулицер — американски новинар.
1914 Пејо Јаворов — поет, публицист и револуционер.
1924 Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка.
1932 Жозеф Бабински — француски невролог.
1940 Димитрија Чуповски — македонски национален деец и интелектуалец.
1948 Весли Мичел — американски економист.
1957 Луис Б. Мајер — соосновач на холивудското студио „Метро-Голдвин-Мајер“.
1971 Дјуан Алман - американски рок-гитарист.
1975 Ристо Крле — македонски писател и драматург.
1995 Киро Поповски — прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.
1997 Антон Шандор Ла Веј — основач на Црквата на Сатаната.
2004 Перо Коробар — македонски општествен деец.
2007 Фране Матошиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.

Празници:

 Турција — Национален ден.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица