30 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

30 октомври — 303-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(304-и во престапна година). Остануваат 62 денови до крајот на годината.

Настани:

1890 Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.
1905 За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание
1918 Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство.
1938 Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој.
1945 Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.
1967 За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос-186“ и „Космос-188“.
1973 Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.
1974 Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски првак.
1975 Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко.
1983 Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.
1993 Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.
1994 Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
1995 Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада.

Родени:

1735 Џон Адамс — вториот претседател на Соединетите Американски Држави.
1751 Ричард Шеридан — ирски драматург.
1871 Пол Валери — француски поет.
1873 Франсиско Мадеро — мексикански политичар.
1885 Езра Паунд — американски поет и критичар.
1906 Џузепе Фарина — поранешен светски првак во „Формула 1“.
1930 Клифорд Браун — американски џез-музичар.
1931 Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика.
1936 Полина Астахова — советска гимнастичарка.
1937 Клод Лелуш — француски филмски режисер.
1939 Грејс Слик — американска рок-музичарка.
1946 Рене Јакобс — белгиски пејач и диригент.
1958 Атила Клинче — македонски глумец.
1960 Диего Марадона — аргентински фудбалер.
1962 Штефан Кунц — германски фудбалер.
1978 Гаел Гарсија Бернал — мексикански глумец.
1981 Рубен Перес — шпански велосипедист.
1982 Един Терзиќ — хрватско-германски фудбалер и тренер.

Починале:

1757 Осман III — отомански султан.
1787 Фердинандо Галијани — италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството.
1910 Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација.
1914 Ернст Штадлер — германски поет.
1950 Борис Верлински — советски шахист.
1953 Имре Калман — унгарски композитор.
1975 Густав Лудвиг Херц — германски физичар.
1977 Густав Крклец — хрватски писател.
1987 Џозеф Кемпбел — американски митолог, писател и говорник.
1992 Џоан Мичел — американска сликарка.
2002 Хуан Антонио Бардем — шпански режисер.
2006 Клифорд Гирц — американски антрополог.
2009 Клод Леви-Строс — француски антрополог, познат како „татко на модерната антропологија“.
2013 Френк Вес — американски џез-музичар


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица