17 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

17 октомври — 290-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(291-и во престапна година). Остануваат 75 денови до крајот на годината.

Настани:

1878 Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.
1907 Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли.
1912 Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30 мај 1913 г. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Одрин, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна.

Родени:

1760 Клод Анри Сен Симон — француски социјалист, утопист и филозоф.
1917 Мак Диздар — босански и југословенски поет.
1918 Рита Хејворт — американска глумица.
1922 Борислав Михајловиќ - Михиз — српски писател и критичар.
1923 Барни Кесел — американски џез-музичар.
1943 Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер.
1946 Виктор Третјаков — руски и советски виолинист и диригент.
1950 Јусуф Хатуниќ — босански и југословенски фудбалер.
1959 Билјана Јевтиќ — српска фолк-пејачка.
1963 Серхјо Гојкочеа — аргентински фудбалски голман.
1972 Еминем — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1979 Кими Раиконен — фински автомобилист во трките на „Формула 1
1983 Александар Дјаченко — казахстански велосипедист.
1984 Готфрид Свартхолм — соосновач на „The Pirate Bay“.
1969 Вајклеф Жан — рапер од Хаити.
1992 Адам Марушиќ — црногорски фудбалер.
1995 Алексеј Миранчук — руски фудбалер.

Починале:

1404 Катерина Висконти — Војвотка на Милано.
1849 Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист.
1849 Васил Дилев — македонски фудбалски голман.
1938 Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар.
1962 Наталија Гончарова — руска сликарка.
1973 Ингеборг Бахман — австриска писателка.
2012 Силвија Кристел — холандска манекенка и глумица.
2017 Јагода Сланева — македонска балерина.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица