23 октомври

датум

23 октомври — 296-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(297-и во престапна година).

<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак скорпија. Остануваат 69 денови до крајот на годината.

Настани:

1893 Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
1917 Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942 Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944 Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944 Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954 САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956 Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973 Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

Родени:

1698 Анж Жак Габриел — француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1805 Адалберт Штифтер — австриски писател, сликар и педагог.
1844 Сара Бернар — француска артистка.
1846 Александар Архангелски — руски композитор.
1893 Гумо Маркс — американски глумец.
1925 Нани Лој — италијански режисер.
1927 Лешек Колаковски — полски филозоф.
1940 Пеле — бразилски фудбалер.
1942 Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер.
1955 Маријан Влак — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1961 Андони Зубизарета — шпански фудбалски голман.
1971 Крис Хорнер — американски велосипедист.
1973 Уљјана Лопаткина — руска балерина.
1986 Јованка Радичевиќ — црногорска ракометарка.
1992 Алваро Мората — шпански фудбалер.

Починале:

1872 Теофил Готје — француски писател.
1893 Александар I Батенберг — кнез на Бугарија.
1918 Едмон Бушје Де Бел — француски писател.
1944 Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој.
1990 Луј Алтисер — француски филозоф.

Празници:

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица