24 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

24 ноември — 328-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.

Настани:

1859 Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936 Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944 Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986 Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994 Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.

Родени:

1729 Александар Суворовруски кнез и генералисимус.
1632 Барух Спиноза — холандски филозоф од еврејско потекло.
1849 Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка.
1864 Анри де Тулуз-Лотрек — француски сликар.
1891 Макс Аманнацистички функционер.
1912 Теди Вилсон — американски џез-музичар.
1919 Вера Ацева — македонска партизанка и народен херој на Југославија.
1923 Златко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1927 Алфредо Краус — шпански тенор.
1937 Јосип Ѓерѓа — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1938 Оскар Робертсон — американски кошаркар.
1938 Тахир Кадриу — македонски економист.
1949 Рахим Бурхан — македонски режисер.
1954 Емир Кустурица — српски и југословенски режисер, глумец и музичар.
1967 Октај Ахмед — македонски поет.
1967 Мирјана Јоковиќ — српска глумица.
1979 Кармелита Џетер — американска атлетичарка.
1983 Луис Леон Санчес — шпански велосипедист.
1985 Јулија Александрату — грчка манекенка, пејачка и глумица.
1989 Марио Гаврановиќ — швајцарски фудбалер.

Починале:

1870 Лотреамон — француски поет.
1985 Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1985 Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач.
1989 Благоја Нешковски — истакнат македонски режисер и писател.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица