15 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

15 ноември — 319-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(320-и во престапна година). Остануваат 46 денови до крајот на годината.

Настани:

1492 Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577 Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка.
1920 Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944 Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988 Палестина е прогласена за независна држава.
1994 Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995 Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001 Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002 Заврши пописот на населението.
2003 Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004 Премиерот Хари Костов поднесе оставка.
2012 Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.
2022 Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди.

Родени:

1316 Јован Iкрал на Франција.
1397 Никола Vримски папа.
1738 Вилијам Хершел — англиски астроном.
1741 Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф.
1862 Герхарт Хауптман — германски драматург.
1891 Ервин Ромел — позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал (п. 1944.)
1895 Олга Николаевна — ќерка на царот Николај II.
1912 Кирил Пенушлиски — македонски фолклорист.
1918 Адолфо Педернера — аргентински фудбалер.
1922 Џорџо Манганели — италијански писател.
1927 Џемаил Вејсели — македонски политичар.
1937 Јафет Кото — американски глумец.
1954 Александар Квашневски — претседател на Полска.
1954 Тони Томпсон — американски поп-музичар.
1955 Илдико Ењеди — унгарска режисерка.
1956 Златко Крањчар — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1958 Јасмин Џеко — југословенски и босански фудбалер.
1968 Ол Дрти Бастард — американски рапер и музички продуцент.
1979 Брет Ланкастер — австралиски велосипедист.
1983 Александар Павловиќ — српски кошаркар.
1983 Фернандо Вердаско — шпански тенисер.
1983 Иманол Ервити — шпански велосипедист.
1984 Катарина Булатовиќ — црногорска ракометарка.
1987 Леополд Кениг — холандски велосипедист.
1989 Сташ Скубе — словенечки ракометар.
1993 Пауло Дибала — аргентински фудбалер.
1994 Екатерина Александрова — руска тенисерка.

Починале:

1028 Константин VIIIвизантиски цар.
1280 Свети Алберт Велики — доминикански епископ.
1630 Јохан Кеплер — германски астрономматематичар и физичар.
1670 Јан Амос Коменски — чешки образовен и верски водач.
1787 Кристоф Вилибалд Глук — германски композитор и диригент.
1802 Џорџ Ромнианглиски сликар-портретист.
1808 Мустафа IVотомански султан.
1832 Жан Батист Сеј — француски економист.
1916 Хенрик Шенкевич — полски писател и новинар, добитник на Нобеловата награда.
1976 Жан Габен — француски филмски и театарски глумец.
1983 Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог.
1993 Лучано Леџосицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо.
2009 Павле — српски патријарх.
2012 Владимир Ангеловски — македонски глумец.
2020 Иван Кожариќ — хрватски вајар.
2023 Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица