Pussy Riot
Pussy Riot — руска феминистичка панк-рок музичка група, позната по изведувањето на политички мотивирани протестни изведби во Москва, т.е. критики кон рускиот претседател Владимир Путин.
Pussy Riot | |
---|---|
Седум маскирани членки на групата | |
Животописни податоци | |
Потекло | Москва, Русија |
Жанрови | панк рок |
Период на активност | 2011-денес |
Издавачи | нема |
Мреж. место | http://pussy-riot.livejournal.com |
Групата била создадена во август 2011 година[1] и се состои од неколку учеснички, коишто настапуваат под псевдоними. Тие се појавуваат со лица заврзани со фантомки за вриме на сите настапи и прес-конференции, а дури и на студено време лесни фустани и цветни хулахопки.[1][2][3][4][5][6][7].
На 21 февруари 2012 година, три членки на групата, настојувајќи да протестираат против претстојните претседателски избори во Русија, се искачиле на олтарот во црквата на Исус Христос Спасителот во Москва и испеале песна во која побарале од Богородица да го „однесе Путин“, а поглаварот на Руската православна црква Кирил I Московски го обвиниле за „верба во Путин наместо во Бога“. По изведбата на песната биле избркани од црквата од страна на чуварите.
Кратко по изведбата во црквата, на 3 март 2012, две учеснички во акцијата, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова биле уапсени и обвинети за хулиганство, а на 16 март била уапсена и третата учесничка, Екатерина Самуцевич. Уапсените жени го негирале своето учество како дел од групата и изјавиле дека не учествувале во акцијата во храмот.[8] Формалното обвинение против трите жени било поднесено на 4 јуни 2012, а судењето започнало на 30 јули. Сите три за време на судењето останале во притвор. На 17 август 2012 година, според пресудата на судот биле прогласени за виновни и биле осудени на затворска казна од 2 години.
Руската јавност верувала во правичноста на судењето и нивната вина (со 44% спроти 17%), а помалку од 10% од населението верувало дека им е судено по барање на Путин или рускиот патријарх.[9]. Во земјите од западниот свет, апсењето, судењето и пресудата предизвикале главно негативни реакции.