SARS-CoV-2

Тежок акутен дишен синдром коронавирус 2
SARS-CoV-2 virion
Научна класификација
Колено:incertae sedis
Ред:Nidovirales
Семејство:Coronaviridae
Потсемејство:Orthocoronavirinae
Род:Betacoronavirus
Подрод:Sarbecovirus
Вид:SARS
Синоними
  • SARS-CoV-2
  • Нов коронавирус 2019
  • 2019-nCoV

SARS-CoV-2 (англиски: Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2, во превод: Тежок акутен дишен синдром коронавирус 2) — заразен вирус кој ја предизвикува акутната дишна болест КОВИД-19.[1] Овој вирус е причинител за пандемијата од новиот коронавирус. Геномското секвенцирање покажало дека тој е позитивен, едноланчен РНК-коронавирус.[2]

Многуте претходни случаи биле поврзани со големиот пазар на морски плодови и животни во Вухан, Кина, а се смета дека вирусот има животинско потекло. Следењето на генетските секвенци на овој вирус и другите примероци на вируси покажало сличност со SARS-CoV (79,5 %) и коронавирус на лилјаци (96 %).[3] Поради тоа се смета дека потеклото на вирусот најверојатно доаѓа од лилјаци,[4][5] иако и потеклото од ракови не е исклучено.[6]

Како би се избегнала забуна со болеста SARS, Светската здравствена организација во својте јавни изјави го нарекува вирусот како "вирус кој ја предизвикал болеста COVID-19".[7]

Вирологија

Преносот од човек на човек е потврден во текот на пандемијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2.[8] Се пренесува преку дишни капки од кашлање во распон од околу 1,8 m.[9][10] Заразата може да се пренесе и индиректно преку контаминирани површини.[11]

Исто така е можна и инфекција во текот на инкубацискиот период на вирусот, но тоа сè уште не е докажано во потполност,[12] така што таквата врста на пренесување не е распространета, така да инфекциите се во главном резултат на пренесување на вирусот од пациенти кои имаат вистински симптоми на болеста COVID-19.

Галерија

Електорнски микрографи на SARS-CoV-2

Погледнете исто така

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица