Коронавирус

Orthocoronavirinae
SARS-CoV-2 virion
Научна класификација
Колено:incertae sedis
Ред:Nidovirales
Семејство:Coronaviridae
Потсемејство:Orthocoronavirinae
Родови[1]
  • Alphacoronavirus
  • Betacoronavirus
  • Gammacoronavirus
  • Deltacoronavirus
Синоними

Коронавируси (латински: Orthocoronavirinae, Coronavirinae) — група вируси што предизвикуваат болести кај цицачите и птиците. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции што типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и COVID19 (чиј SARS-CoV-2 вирус предизвикал глобална пандемија) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат пролив, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.[4]

Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales.[5][6] Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК-геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази — најголема кај некој РНК-вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.[7]

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

Еволуција

Најблизок древен заеднички претходник (НДЗП) на сите коронавируси се наоѓа 8000 години п.н.е.[8] НДЗП линијата Алфакоронавирус се наоѓа 2400 п.н.е, Бетакоронавирусната линија на 3300 п.н.е, Гамакоронавирусната линија на 2800 п.н.е, и Делтакоронавирусната линија на околу 3000 п.н.е.[9] Коронавирусот од лилјаците и SARS-CoV се разминале во 1986 година.[10]

Човечки коронавируси

Инфекциски[мртва врска] циклус на коронавирус

Познати се повеќе човечки коронавируси:

  1. Човечки коронавирус 229E (HCoV-229E)
  2. Човечки коронавирус OC43 (HCoV-OC43)
  3. SARS-CoV
  4. Човечки коронавирус NL63 (HCoV-NL63, коронавирус Њу Хејвен)
  5. Човечки коронавирус HKU1
  6. MERS-CoV
  7. SARS-CoV-2

Коронавирусите HCoV-229E, NL63, OC43 i HKU1 константно циркулираат меѓу човечката популација и предизвикуваат дишни инфекции кај возрасните и децата ширум светот.[11]

Епидемии

Досега имало избивање на неколку епидемии од коронавирусот кој имале релативно висока стапка на смртност:

ЕпидемијаТип на вирусСмрт
Епидемија на SARS во 2003SARS-CoV774[12]
Епидемија на MERS на Блискиот Исток во 2012MERSпреку 400[13]
Епидемија на MERS во Јужна Кореја во 2015MERS36[14]
Епидемија на MERS во 2018MERS41[15]
Епидемија на COVID19 во 2019-2021SARS-CoV-2над 1,50 милиони смртни случаи.

Избивање на епидемија од новиот коронавирус

Симптоми на новиот коронавирус

Избивање на епидемијата од новиот коронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.[16] Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV[17] и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.[18] Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.[19] Најголема епидемија од вирусот во Европа, се појавила во Италија каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.[20]

Статии и книги поврзани со коронавирус

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица