Одржлива енергија — енергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.
Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)
... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле.
Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.