Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.679 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Квечерина над
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 13 јуни 2024 г.

Настани:

313 Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните.
1894 Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун.
1944 Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1).
1956 Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
1973 Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.
1983 Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем.
1993 Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.
2017 Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“.

Родени:

1831 Џејмс Кларк Максвел — шкотски физичар и математичар.
1865 Вилијам Јејтс — ирски писател.
1884 Антон Дрекслер — германски нацистички водач.
1888 Томо Смилјаниќ - Брадина — македонски и српски етнограф.
1894 Жак-Анри Лартиг — француски фотограф и сликар.
1897 Паво Нурми — фински атлетичар.
1899 Карлос Чавес — мексикански композитор.
1911 Луис Алварес — американски физичар, добитник на Нобеловата награда.
1915 Дон Баџ — американски тенисер.
1928 Џон Неш — американски математичар.
1943 Душко Локин — хрватски поп-пејач.
1944 Бан Ки Мун — корејски дипломат, генерален секретар на Обединетите Нации.
1947 Саво Климовски — македонски универзитетски професор и политичар.
1950 Радимир Михајловиќ - Точак — српски и југословенски рок-гитарист.
1951 Васил Дрвошанов — македонски поет.
1955 Алан Хансен — шкотски фудбалер.
1957 Ринат Дасаев — руски и советски фудбалер.
1959 Бојко Борисов — премиер на Бугарија.
1964 Шарунас Марчуљонис - литвански и советски кошаркар.
1980 Хуан Карлос Наваро — шпански кошаркар.
1980 Флоран Малуда — француски фудбалер.
1982 Кенениса Бекеле — етиопски атлетичар.
1986 Ерос Капеки — италијански велосипедист.
1986 Кеисуке Хонда — јапонски фудбалер.
1993 Кингсли Коман — француски фудбалер.
1993 Томас Парти — фудбалер од Гана.
1991 Антон Заболотни — руски фудбалер.

Починале:

1886 Лудвиг IIкрал на Баварија.
1943 Кочо Рацин — македонски поет и револуционер.
1965 Мартин Бубер — австриски филозоф.
1982 Халид бин Абдулазизкрал на Саудиска Арабија.
1986 Бени Гудман — американски џез-музичар.
1993 Васил Куноски — македонски поет за деца.
1993 Гајо Петровиќ — хрватски марксистички филозоф.
2005 Алваро Куњал — португалски комунистички политичар.
2006 Вангел Наумовски — македонски сликар.
2014 Ѓула Грошич — унгарски фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич