Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.876 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Прозорци на Градскиот дом во Левен, Фламански Брабант, Белгија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Полска-Литванија
Знамето на Полска-Литванија
На денешен ден…

Денес е 10 мај 2024 г.

Настани:

1497 Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во Новиот Свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка.
1503 Морепловецот Кристофер Колумбо прв ги забележува Кајманските Острови
1877 Романија прогласува независност од Отоманското Царство
1989 Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.

Родени:

1731 Виктор Луј — француски архитект, добитник на Римската награда.
1748 Луј Жан Пјер Вјејо — француски орнитолог.
1876 Иван Цанкар — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1878 Густав Штрасеман — германски канцелар.
1879 Симон Петљура — украински политички деец.
1899 Фред Астер — американски глумец и танчер.
1924 Јулија Друнина — советска и руска поетеса.
1931 Еторе Скола — италијански режисер.
1937 Тамара Прес — советска атлетичарка.
1938 Мануел Сантана — шпански тенисер.
1949 Мјуча Прада — италијански моден творец.
1952 Слај Данбар — јамајски реге-музичар.
1957 Фил Мер — американски скијач.
1957 Стив Мер — американски скијач.
1957 Џавит Асани — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
1958 Влада Дивљан — српски и југословенски рок музичар.
1960 Боно — ирски пејач, член на рок-групата „У2“ (U2).
1960 Мерлин Оти — јамајско-словенечка атлетичарка.
1966 Џонатан Едвардс — англиски атлетичар.
1969 Денис Беркамп — холандски фудбалер.
1980 Кирил Лазаров — македонски ракометар.
1988 Адам Лалана — англиски фудбалер.
1991 Џанмарко Ѕигони — италијански фудбалер.
1991 Тим Веленс — белгиски велосипедист.
1991 Кевин Менса — дански фудбалер.
1995 Миси Френклин — американска пливачка.
1997 Енес Унал — турски фудбалер.

Починале:

1509 Катерина Сфроца — грофица од Форли.
1774 Луј XVкрал на Франција.
1889 Михаил Салтиков-Шчедрин — руски писател и новинар.
1964 Михаил Ларионов — руски сликар.
1969 Томо Смилјаниќ - Брадина — македонски и српски етнограф.
1975 Атанас Великов Атанасов — македонски борец.
1977 Џоана Крафорд — американска артистка.
1979 Антун Аугустинчиќ — југословенски и хрватски вајар.
1979 Ита Рина — словенечка глумица.
1980 Калман Конрад — унгарски фудбалер.
1989 Димитар Илиевски - Мурато — македонски алпинист.
1989 Доминик Татарка — словачки писател.
1994 Клинт Брукс — американски литературен критичар.
2006 Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар.
2006 Џон Хикс — американски џез-музичар.
2008 Лејла Генчер — турска оперска пејачка.
2021 Лојд Прајс — американски рокенрол музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица