Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.899 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Историја на Цариград — периодот од основањето на градот во 330 година како нова престолнина на Римското Царство до заземањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година.

Всушност градот бил повторно изграден на местото на античкиот Византион. Огромниот обем на градежните работи, брзиот пораст на населението, развојот на трговијата и занаетчиството, метрополскиот статус на градот и напорите на првите римски цареви во Цариград довеле да градот стане еден од најголемите градови во Европа и на Блискиот Исток. По падот на Рим во V век, Цариград станал главен град во следните десет векови на Источното Римско Царство или подоцна познато како Византија. Историјата на Цариград во текот на византиската ера е исполнета со турбулентни политички настани како востанија и интриги во палатата, убиства на царевите помеѓу благородничките династии, големи опсади и кампањи од страна на силните западни и источни соседи. До XIII век градот претставувал најголемиот центар на културата во средновековна Европа, далеку понапред од другите светски метрополи во однос на образованието, активноста на духовниот живот и развојот на материјалната култура.

Заземањето на Цариград од Османлиите во мај 1453 го означил конечниот колапс на Византиското Царство и преобразба на Отоманското Царство во една од најмоќните земји во светот. Падот на Цариград предизвикал шок низ христијанска Европа и голема слава на властите од Каиро, Тунис и Гренада. Покрај тоа во следниот период започнало целосно уништување на византиската култура, а Османлиите во Европа биле синоним за суровост кон христијанството. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Полска-Литванија
Знамето на Полска-Литванија
На денешен ден…

Денес е 13 мај 2024 г.

Настани:

1871 Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан.
1901 Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.
1961 Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.
1981 Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот.
1990 Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб.
2001 Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски.

Родени:

1655 Инокентиј XIIIримски папа.
1792 Пиј IX — римски папа.
1795 Павел Јозеф Шафарик — словачки и чешки филолог и етнограф.
1840 Алфонс Доде — француски писател.
1842 Артур Саливен — британски композитор и диригент.
1851 Лаза Лазаревиќ — српски писател.
1862 Јанко Веселиновиќ — српски писател.
1881 Лима Барето — бразилски писател.
1882 Жорж Брак — француски сликар.
1883 Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест.
1912 Гил Еванс — канадски џез-пијанист и аранжер.
1914 Џо Луис — американски боксер, светски првак во тешка категорија од 1939 до 1949 година.
1934 Алексо Лозановски — македонски поет и раскажувач.
1939 Харви Кајтел — американски глумец.
1941 Ричи Валенс — американски пејач.
1950 Стиви Вондер — американски музичар.
1954 Александар Трифуновиќ — српски и југословенски фудбалер.
1961 Денис Родман — американски кошаркар.
1965 Предраг Спасиќ — српски и југословенски фудбалер.
1973 Мери Николова — македонски поет.
1973 Гордана Вренцоска — македонски графички и моден дизајнер.
1981 Давид Лопес — шпански велосипедист.
1982 Огучи Ониеву — американски фудбалер.
1983 Јаја Туре — фудбалер од Брегот на слоновата коска.
1983 Џони Хогерланд — холандски велосипедист.
1986 Александар Рибак — норвешки пејач.
1986 Зимон Гешке — германски велосипедист.
1991 Франсис Коклан — француски фудбалер.
1993 Ромелу Лукаку — белгиски фудбалер.
1993 Штефан Крафт — австриски скокач со скии.Евгенија Образцова — руска балерина.
1999 Оскар Мингуеза — шпански фудбалер.

Починале:

1878 Џозеф Хенри — американски физичар.
1956 Александар Фадеев — руски и советски писател.
1988 Чет Бејкер — американски џез-трубач.
1961 Гари Купер — американски глумец.
2004 Паскал Паскалевски — македонски поет и драмски писател.
2009 Рафаел Ескалона — колумбиски композитор.
2011 Тихомир Јовановски — македонски економист и универзитетски професор.
2013 Иво Лауренчиќ — македонски маркетиншки експерт и стопанственик.
2019 Дорис Деј — американска глумица и пејачка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица