Како што гласи неговото име, луксембуршкиот е државен јазик на Луксембург и еден од трите службени јазици во земјата (заедно со францускиот и германскиот).[2]
Јазикот се говори и во областа Арелерланд во Белгија (дел од покраината Луксембург) и во мали делови од Лорена во Франција.
Во регионите Ајфел и Хунсрик во Германија и Лорена во Франција е застапено сличното мозелфранконското наречје на германскиот јазик.
Постојат неколку наречја на луксембуршкиот јазик: арелски (од Арлон), ехтернашки (Ехтернах), клиерверски (Клерво), мизелски (Мозел), штатски (Луксембург), вајнски (Вијанден), минетски (Јужен Луксембург) и велчки (Вилц).
Со зголемената подвижност на населението и масовните медиуми, наречјата тежнеат кон претопување во еден стандарден јазик по пат на коинизација.
Не постои јасна граница помеѓу луксембуршкиот и сродните горногермански наречја во околината (како на пр. лоренофранконскиот) бидејќи сите тие образуваат дијалектен континуум и разликите се постепени. Меѓутоа, треба да се напомене дека јазикот е неразбирлив за говорниците на германскиот, францускиот и другите романски јазици. Иако има германска основа, луксембуршкиот во голема мера се разликува од самиот германски по големиот број на француски заемки.
Луксембуршката азбука е има 26 обични латинични букви и уште три посебни: é, ä и ë. Во заемките од француски и горногермански се запазуваат матичните букви од тие јазици:
Како и многу други западногорногермански наречја, луксембуршкиот го изоставува завршното n и nn во извесни случаи. Ова важи како за говорот, така и во пишувањето. На пример:
wann ech ginn „кога ќе одам“, но wa mer ginn „кога ќе одиме“
fënnefandrësseg „триесет и пет“, но fënnefavéierzeg „четириесет и пет“.
Луксембуршкиот има три рода (машки, женски и среден) и три падежи (номинатив, акузатив и датив). Како и во германскиот, не постои разлика во родовите кога се во множина.
Постојат два вида на придавки: својствени (атрибутивни) и прирокови (предикативни). Вториот вид се јавува во глаголи како sinn („е“) и не добиваат наставка.
Збороредот е ист како во германскиот и холандскиот јазик второприрочен (V2), т.е. каде прирокот е втор во независна исказна реченица, веднаш по тематскот дел.
Луксембуршкиот има многу заемки од францускиот. Други зборови се разликуваат од горногерманските, но имаат свои пандани во дијалектите. Трети пак, се чисто луксембуршки зборови.
Bruch, Robert. (1955) Précis de grammaire luxembourgeoise. Bulletin Linguistique et Ethnologique de l'Institut Grand-Ducal, Luxembourg, Linden. (2nd edition of 1968)