Група (периоден систем)

Група или семејство — поим во хемијата кој означува колона од периодниот систем на елементите. Постојат 18 вакви групи означени со бројка, освен колоните на f-блокот (меѓу група 2 и 3). Елементите во една група имаат слични физички и хемиски особености на најнадворешните електронски обвивки на нивните атоми (т.е. имаат ист јадрен полнеж), со оглед на тоа што највеќето хемиски својства ги одредува орбиталната положба на најнадворешниот електрон.

Периоден систем на елементите каде секоја колона е група означена со соодветна бројка.

Постојат три начини на означување на групите. Современиот начин на бележење (група 1-18) е препорачан од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ или IUPAC) и претставува замена за две постари шеми кои предизвикуваат забуни. Групите може да се означуваат и според нивниот најгорен елемент, или пак да имаат сопствен назив. На пример, групата 16 се нарекува и кислородна група или халкогени. во 1989 г. како појдовен е земен долгиот облик на периодниот систем[1] со препорака да се користат арапските бројки од 1 до 18.

Групи

Нов назив
(МСЧПХ)
По старо
(МСЧПХ) (Европа)
CAS
(САД)
Називи според елементиТривијален назив
(*=одобрен од МСЧПХ)
Белешка
Група 1IAIAлитиумско семејствоалкални метали*Водородот ѝ припаѓа на оваа колона, но не се смета за алкален метал
Група 2IIAIIAберилиумско семејствоземноалкални метали*
Група 3IIIAIIIBскандиумско семејствоСе состои од реткоземните елементи и актиноидите
Група 4IVAIVBтитанско семејство
Група 5VAVBванадиумско семејство
Група 6VIAVIBхромно семејство
Група 7VIIAVIIBманганово семејство
Група 8VIIIVIIIBжелезно семејство
Група 9VIIIVIIIBкобалтно семејство
Група 10VIIIVIIIBниклено семејство
Група 11IBIBбакарно семејствомонетни метали
Група 12IIBIIBцинково семејствоиспарливи метали
Група 13IIIBIIIAборово семејствотриели, икосагенитриели = „третници“
Група 14IVBIVAјаглеродно семејствотетрели, кристалогенитетрели = „четвртници“
Група 15VBVAазотно семејствопниктогени*
Група 16VIBVIAкислородно семејствохалкогени*
Група 17VIIBVIIAфлуорно семејствохалогени*
Група 18Група 0VIIIAхелиумско или неонско семејствоблагородни гасови*, аерогени

Поврзано

Наводи

Литература

  • Scerri, E. R. (2007). The periodic table, its story and its significance. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-530573-9.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица