Источен Тимор

Источен Тимор, се среќава и како Тимор-Леште (португалски: Timor-Leste, изговор: [tiˈmoɾ ˈlɛʃtɨ]) (тетум: Timór Lorosa'e) или официјално Демократска Република Источен Тимор (португалски: República Democrática de Timor-Leste) — островска држава во Југоисточна Азија и северна Океанија. Државата го зазема источниот дел од островот Тимор и блиските острови Атауро, Јако и ексклавата Оекуси-Амбено. Источен Тимор спаѓа во помалите држави во светот со 15.410 км2 [5] и е 640 км оддалечена од Дарвин, Австралија.

Демократска Република Источен Тимор
Repúblika Demokrátika Timór Lorosa'e
República Democrática de Timor-Leste
Знаме Грб
Гесло"Unidade, Acção, Progresso"  (португалски)
("Единство, Дејство, Напредок")
ХимнаPátria (португалски)
(преведено: Татковина)
Местоположба на Источен Тимор
Главен град
(и најголем)
Дили
8°34′S 125°34′E / 8.567° ЈГШ; 125.567° ИГД / -8.567; 125.567
Службен јазик тетум и португалски1
Работни јазицииндонезиски и англиски [1]
Демоним Источентиморец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател José Ramos-Horta
 •  Премиер Таур Матан Руак
Независност од Португалија, Индонезија² 
 •  Основан 1702 
 •  Објавена 28 ноември 1975 
 •  Признат 20 мај 2002 
Површина
 •  Вкупна 14,874 км2 (159-та)
 •  Вода (%) н/п
Население
 •  проценка за 2009 г. 1.134.000[2] (155-та)
 •  Густина 76.2 жит/км2 (132-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $2.522 милијарди[3] 
 •  По жител $2,368[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $499 милиони[3] 
 •  По жител $468[3] 
ИЧР (2013) 0.620[4]
среден · 128ма
Валута Долар³ (USD)
Часовен појас (UTC+9)
Се вози на лево
НДД .tl 4
Повик. бр. +670
1. уште 15 „национални јазици“ се признати според уставот.
2. Индонезија го окупирала Источен Тимор на 7 декември 1975 и го напуштила во 1999.
3. Сентавосите се исто така во употреба.
4. .tp се напуштил.

Источен Тимор бил колонизиран од Португалија во 16 век и бил познат како Португалски Тимор сè додека Португалија ја деколонизирала државата. Во 1975 година Источен Тимор прогласил независност, но набрзо Индонезија ја окупирала државата и ја прогласила за своја 27. покраина. Во 1999 година, Индонезија во ООН ја повлекла контролата на источниот дел од островот и станала првата нова држава во 21 век на 20 мај 2002. Источен Тимор е една од двете држави во Азија каде католицизмот е доминантна религија, другата е Филипини.

Економијата на Источен Тимор е со среден раст[6] Државата сè уште страна од последиците од војната за независност против Индонезија, што ја оштетила инфраструктурата и протерала голем број население.

Потекло на поимот

Јазиците на Источен Тимор

Името „Тимор“ потекнува од индонезискиот и малајскиот збор за исток — тимур, кој подоцна на португалски бил прифатен како Тимор. Леште пак е португалскиот збор за исток. Официјалното име на државата според нејзиниот устав е Демократска Република Источен Тимор или на португалски República Democrática de Timor-Leste. Во Индонезија државата се вика Тимор Тимур или скратено ТимТим, но денес оваа кратенка ретко се користи. Денес, името Тимор-Леште сѐ почесто се користи во Индонезија.

Историја

Географија и клима

Политички систем

На чело на државата е претседателот на Источен Тимор кој е избран на избори за петгодишен мандат. Иако неговата улога во политичкиот живот на државата е симболична, претседателот има право на вето за некои законодавни акти. По изборите, претседателот го назначува водачот на најголемата моментална политичка партија или коалиција за премиер на Источен Тимор. Како претседател на владата, премиерот е и претседател на државниот совет или кабинетот на министри.

Еднодомниот парламент на Источен Тимот е националното собрание на Источен Тимот, чии членови се избрани на избори за мандат од пет години. Бројот на пратенички места варира од минимум 52 до максимум 64 места, иако денес има осумдесет и осум пратеници во тиморското собрание. Уставот на Источен Тимор е создаден по моделот на уставот на Португалија и државата сè уште е во фаза на целосно оформување на администрацијата и владините институции.

Административна поделба

Карта на окрузите во Источен Тимор

Источен Тимор се дели на 13 окрузи.[7] Окрузите потоа се поделени на подокрузи, а тие пак, на сукоа.

ОкругПовршина
(км2)
ДомаќинстваНаселение
(2004)
Население
(2008)[8]
Густина
жит/км2[9]
1Ајлеу&10000000000000729000000729&100000000000077450000007.745&1000000000003792600000037.926&1000000000004572400000045.72452,0
2Ајнару&10000000000000797000000797&1000000000001152700000011.527&1000000000005247600000052.476&1000000000006240700000062.40765,8
3Баукау&100000000000014940000001.494&1000000000002265900000022.659&10000000000100326000000100.326&10000000000113748000000113.74867,2
4Бобонару&100000000000013680000001.368&1000000000001839700000018.397&1000000000008303400000083.034&1000000000009378700000093.78760,7
5Викеке&100000000000017810000001.781&1000000000001511500000015.115&1000000000006524500000065.245&1000000000007295000000072.95036,6
6Дили&10000000000000372000000372&1000000000003157500000031.575&10000000000173541000000173.541&10000000000212469000000212.469466,5
7Ермера&10000000000000746000000746&1000000000002116500000021.165&10000000000103199000000103.199&10000000000118671000000118.671138,3
8Кова Лима&100000000000012260000001.226&1000000000001182000000011.820&1000000000005281800000052.818&1000000000006276400000062.76443,1
9Лаутен&100000000000017020000001.702&1000000000001299800000012.998&1000000000005592100000055.921&1000000000006534900000065.34932,9
10Ликиса&10000000000000543000000543&1000000000001106300000011.063&1000000000005483400000054.834&1000000000006992500000069.925101,0
11Манатуту&100000000000017060000001.706&100000000000083380000008.338&1000000000003671900000036.719&1000000000004121700000041.21721,5
12Мануфахи&100000000000013250000001.325&100000000000089010000008.901&1000000000004495000000044.950&1000000000005399500000053.99533,9
13Окуси&10000000000000815000000815&1000000000001365900000013.659&1000000000005746900000057.469&1000000000006773600000067.73670,5

Во 2003 г. претрпиле промена границите помеѓу Кова Лима и Ајнару и помеѓу Баукау и Викеке.

Стопанство

Население, јазик и религија

Религија

Верници во Источен Тимор
Католици
  
96,6 %
Протестанти
  
2,2 %
Муслимани
  
0,3 %
Други
  
0,5 %

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општо
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица