Сомалиски јазик

Сомалискиот јазик (изворно: Af-Soomaali; арапски: اللغة الصومالية) е јазик од низинска источнокушитска гранка на афроазиското семејство. Најсродни јазици се афарскиот и оромскиот. Сомалискиот е најдобро документиран кушитски јазик,[2] со академски трудови пред 1900 г.

Сомалиски
Af-Soomaali
اللغة الصومالية
Застапен воСомалија, Етиопија, Џибути
ПодрачјеАфрикански Рог
Говорници15 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
афроазиско
Писмолатиница (службено), арабица, османија, борама
Статус
Службен во Сомалија
 Сомалиленд
Признаен како малцински во Кенија
Регулативен органРегионална академија за сомалиски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1so
ISO 639-2som
ISO 639-3som
{{{mapalt}}}
Говорното подрачје на сомалискиот јазик

Горворници, застапеност и статус

Сомалискиот е државен и службен јазик на Сомалија почнувајќи од 1972 г., со неговата стандардизација и усвојувањето на латиницата. Јазикот го говорат Сомалијци во Сомалија, Етиопија, Џибути, Јемен и Кенија, како и од сомалиската дијаспора низ светот. Точниот број на говорници е непознат. Според еден извор, јазикот го говорат 7,78 милиони жители во самата Сомалија и уште 12,65 милиони ширум светот.[3] Според други извори,[4], сомалискиот го владеат 13 милиони луѓе, но често се среќава бројката од 25 милиони лица.[5]

Наречја

Јазикот има три наречја: северно, бенадирско и мајско. Стандардниот јазик се води според северносомалискиот говор. Бенадирското (крајбрежно) наречје е застапено во приморските подрачја на Бенадир, од Кадалеј на југ до Марка, вклучувајќи го Могадишу и непосредната околина. Овие крајбрежни говори имаат фонеми што не постојат во стандардниот јазик.

Фонолошки особености

Сомалискиот јазик има 22 согласки, со барем по една во секое место на творба[6] освен надгласилното. Постојат пет основни самогласки, секоја со предна и задна, како и кратка и долга варијанта. Со тоа јазикот има вкупно 20 чисти самогласни гласови. Покрај тоа, постојат три тона: висок, низок и надолен.

Согласки

Согласни фонеми
 Дво-
уснени
Уснено-
забни
ЗабниВенечниПреднеп.-
венечни
СвиениПредно-
непчени
Задно-
непчени
Ресично-
надглас.
ГолтничкиГласилни
Носниm    n              
Избувни b       ɖ  kɡq͡ʡ   ʔ 
Слеани                     
Струјни  f   s ʃ     x~χ   ħʕh 
Трепетни      r              
Приближни      l    jw      

/ɖ/ е звучна свиена избувна согласка. Понекогаш се изговара како едноударната согласка [ɾ] помеѓу самогласки.

Безвучните избувни согласки /t/ и /k/ секогаш се приздивни.

Ресичната струјна согласка /χ/ честопати се изговара како [x], т.е. безвучна заднонепчена струјна согласка. Сите зборови со оваа фонема се усвоени од арапскиот. Може да претрпат „сомализација“ со нивна замена со избувната согласка /ɢ/.

/ʕ/ (звучна готлничка струјна согласка) може да има крут глас.

/r/ честопати се изговара со глас и може да биде делумно обезвучена. Помеѓу самогласки може да има еден удар.

Самогласки

Сомалискиот има пет самогласни творби. Сите пет разликуваат дишна и груба варијанта и имаат долги и кратки облици. Со издолжувањето не се менуваат останатите одлики на самогласката.

Постојат пет дифтонзи, и сите се јавуваат во преден и заден и долг и краток облик, освен /ɞi/ кој не се јавува како заден.

Монофтонзи
 ПредниЗадни
краткидолгикраткидолги
Затворена предна незаоблена /
Речиси затворена речиси предна незаоблена
iɪɪː
Полузатворена предна незаоблена /
Полуотворена предна незаоблена
eɛɛː
Речиси отворена предна незаоблена /
Отворена задна незаоблена
ææːɑɑː
Полуотворена заоблена од сред. ред /
Полуотворена задна заоблена
ɞɞːɔɔː
Затворена заоблена од сред. ред /
Затворена задна заоблена
ʉʉːu

Дифтонзи
Првиот елемент е напредПрвиот елемент е назад
краткидолгикраткидолги
æiæːiɑɪɑːɪ
æʉæːʉɑuɑːu
eieːiɛɪɛːɪ
ɞiɞːiɔɪɔːɪ
ɞʉɞːʉɔuɔːu

Граматика

Јазикот е аглутинативен, со различни додавки за падеж, род и број. Забележителна разлика помеѓу сомалискиот и највеќето индоевропски јазици е постоењето на повеќе облици кај личните заменки, употреба на честички во реченицата за укажување на задршката (фокусот), широка употреба на тонови за означување на падеж и број, како и поларитет на родот (еден ист збор има различен род во еднина и множина).

Лексика

Најважните лексички заемки во јазикот се преземени од арапскиот јазик. Ова се должи на вековните врски на Сомалијците со соседните арапски народи на општествен, културен, трговски и верски план. Денес се забележани 1.436 арапски заемки,[7], а се смета дека порано арабизмите биле уште позастапени.[8]

Постојат и извесни заемки од италијанскиот и англискиот стекнати во колонијалниот период. Со осамостојувањето на земјата, создадени се и многу неологизми, за претставување на поими од областа на управувањето и образованието.

Писмо

Сомалиско-арапска плоча (XIV век).

Во подалечното минато, сомалискиот се пишувал со древно писмо.[9] Оттогаш наваму, јазикот се пишува со повеќе разни писма. Од нив најзастапена е сомалиската латиница, прогласена за службена во 1972 г.[10] Азбуката ги содржи сите букви од англиската освен p, v и z. Има 21 согласка и 5 самогласки. Не се користат надредни други посебни знаци, со исклучок на апострофот, кој ја претставува гласилната согласка (не стои на почеток на зборот). Постојат три согласни диграфи: DH, KH и SH. Писмото исто така не го бележи тонот и положбата на самогласките (задна или предна).

Низ историјата јазикот се пишувал на разни писма како арабицата итн. Вададово писмо.[11] Во XX век се осмислени и неколку матични сомалиски писма: „османија“, „борама“ и „кадаре“, наречени по нивните автори.[12]

Наводи

  1. Diriye Abdullahi, Mohamed. 2000. Le Somali, dialectes et histoire. Ph.D. dissertation, Université de Montréal.
  2. Saeed, John Ibrahim. 1987. Somali Reference Grammar. Springfield, VA: Dunwoody Press.
  3. Saeed, John Ibrahim. 1999. Somali. Amsterdam: John Benjamins.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица