Терористички напад во Крајстчерч (2019)

На 15 март 2019 година, на пладне, во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, за време на петочната молитва, се случил масовен терористички вооружен напад во кој мета биле локалните муслимани. Првичната локација на нападот била Ел Нур Џамијата, а напаѓачот истиот го продолжил во Исламскиот центар на Линвуд до кој со возење се стигнува за околу 15 минути. Во нападот биле убиени 50 луѓе, а уште толку биле повредени.[1][2] За одговорен за нападот се смета 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, кој е уапсен веднаш по нападот и е обвинет за 51 убиство, 40 обиди за убиства и за учество во терористички чин.[3] Напаѓачот ја искористил друштвената мрежа Фејсбук за во живо да го емитува вооружениот напад, а исто така напишал и манифест на 73 страници насловен „Големата замена“, во кој се опира на имиграцијата, искажувајќи ги своите политички гледања.[4] Овој напад се смета за најсмртоносен во современата историја на Нов Зеланд.[5][6]

Терористички напад во Крајстчерч
Ел Нур Џамијата е првата мета на нападот, каде загинуваат 42 од вкупно 50 лица, фотографија од 2006 г.
МестоКрајстчерч, Нов Зеланд
Датум15 март 2019
13:40 ч. (NZST; UTC+13)
Вид нападмасовно убиство, тероризам
Мртви51
Повредени49

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица