16 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

16 февруари — 47-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 318 денови до крајот на годината (319 во престапна).

Настани:

1871 Француската влада потпишала капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.
1873 Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
1945 Втора светска војна: Американското воздухопловство започна масовно бомбардирање на Токио.
1959 Фидел Кастро стана премиер на Куба.
1972 Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
1978 Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.
1994 Островот Суматра го погодил силен земјотрес во којшто загинале најмалку 200 луѓе.
1994 Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1996 Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
2000 Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.
2001 Во близината на селото Танушевци се случила вооружена пресметка меѓу македонската војска и полиција и припадници на „УЧК“.

Родени:

1848 Октав Мирбо — француски писател.
1873 Радое Домановиќ — српски писател.
1877 Исидора Секулиќ — српска писателка.
1912 Крум Тошев — македонски славист.
1926 Џон Шлезингер — англиски режисер и глумец.
1935 Сони Боно — американски пејач и политичар.
1942 Ким Џонг Ил — претседател на Северна Кореја.
1948 Екхарт Толе — германско-канадски духовен учител.
1958 Оскар Шмид — бразилски кошаркар.
1958 Сергеј Фомин — руски математичар.
1959 Благоја Маркоски — македонски географ.
1959 Џон Мекинро — американски тенисер.
1959 Александар Петровиќ — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1961 Енди Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1964 Бебето — бразилски фудбалер.
1970 Владан Лукиќ— српски фудбалер.
1973 Кети Фримен— австралиска атлетичарка.
1979 Валентино Роси — Италијански мотоциклист.
1984 Брент Букволтер — американски велосипедист.
1986 Диего Годин — уругвајски фудбалер.
1986 Карлес Перес — шпански фудбалер.
1988 Андреа Ранокја — италијански фудбалер.
1994 Федерико Бернардески — италијански фудбалер.

Починале:

1391 Јован V Палеологвизантиски цар.
1944 Андон Дуков — македонски партизан во НОБ и сликар.
1917 Октав Мирбо — француски писател.
1990 Кит Харинг — американски сликар.
2014 Лорена Рохас — мексиканска глумица и пејачка.
2019 Бруно Ганц — швајцарски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица