4 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

4 февруари — 35-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 330 денови до крајот на годината (331 во престапна).

Настани:

211 По смртта на царот Септимиј Север, властапреоѓа на неговите двајца раскарани синови Каракала и Гета.
1789 Џорџ Вашингтон е избран за претседател на САД.
1859 Во манастирот „Св. Катерина“ на Синајската Гора во Египет, германскиот теолог Константин фон Тишендорф го открил Синајскиот кодекс — грчки ракопис на Библијата од IV век.
1944 Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви.

Родени:

1495 Франческо II Сфорца — милански војвода.
1761 Блазиус Мерем — германски зоолог.
1815 Јосип Јурај Штросмајер — римокатолички епископ, добродетел и политичар од Хрватска.
1820 Божена Немцова — чешка писателка.
1872 Гоце Делчев — македонски револуционер и македонски национален јунак, идеолог на Македонското народноослободително револуционерно движење.
1873 Радое Домановиќ — српски писател.
1900 Жак Преверфранцуски поет и сценарист (†1977).
1908 Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател.
1913 Роза Паркс — афроамериканска активистка.
1918 Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка.
1926 Ѓула Грошич — унгарски фудбалер.
1930 Борислав Пекиќ — српски писател.
1931 Благоја Иванов — македонски писател.
1947 Велија Рамковски — македонски стопанственик и политичар.
1948 Алис Купер — американски рок-пејач.
1956 Џудит Батлер — американска теоретичарка.
1963 Пирмин Цурбриген — швајцарски скијач.
1975 .Натали Имбруља — австралиска кантавторка, модел и глумица.
1981 Јохан Вансумерен — белгиски велосипедист.
1989 Јон Изагире — шпански велосипедист.
1990 Наиро Кинтана — колумбиски велосипедист.

Починале:

211 Септимиј Север — римски цар.
708 Сисиниј — римски папа.
1894 Адолф Сакс — белгиски зработувач на инструменти, „татко“ на саксофонот.
1980 Стојан Аралица — српски и југословенски сликар.
2001 Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар.
2004 Стево Црвенковски — македонски политичар.
2016 Морис Вајт — американски музичар.
2018 Џон Махони — британско-американски глумец.
2022 Марко Брецељ — словенечки глумец, продуцент и музичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица