2 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

2 февруари — 33-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 332 денови до крајот на годината (333 во престапна).

Настани:

1535 Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
1848 По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1932 Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1994 Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија.
1996 Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
2007 Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.

Родени:

1494 Бона Сфорцакралица на Полска и Ерусалим.
1649 Бенедикт XIIIримски папа.
1829 Алфред Брем — германски природонаучник и зоолог.
1875 Фриц Крајзлер — австриско-американски композитор и виолинист.
1882 Андреј — принц на Грција.
1882 Џемс Џојс — ирски писател.
1901 Јаша Хајфец — руско-американски виолинист.
1923 Светозар Глигориќ — југословенски шаховски велемајстор.
1924 Мира Алечковиќ — српска поетеса.
1927 Стен Гец — американски џез-музичар.
1934 Славка Манева — македонска писателка.
1969 Валери Карпин — руски фудбалер и тренер.
1970 Ерик тен Хаг — холандски фудбалер и тренер.
1977 Шакираколумбиска поп-пејачка, глумица и дискографска продуцентка.
1979 Санди Казарфранцуски велосипедист.
1987 Жерар Пике — шпански фудбалер.
1989 Иван Перишиќ — хрватски фудбалер.
1994 Исник Алими — македонски фудбалер.
1996 Хари Винкс — англиски фудбалер.

Починале:

1054 Јарослав I — голем кнез на Киевска Русија.
1594 Џовани Пјерлуиџи де Палестринаиталијански композитор.
1769 Климент XIIIримски папа.
1826 Жан Антелм Брија-Саваренфранцуски гастроном и писател.
1873 Елена Павловна — руска кнегиња.
1901 Марко Миљанов — црногорски генерал и писател.
1907 Дмитриј Иванович Менделеевруски хемичар.
1924 Алекса Шантиќ — српски поет.
1938 Глигор Стефанов Попев — македонски револуционер.
1940 Всеволод Меерхолд - руски и советски театарски режисер.
1942 Данил Хармс — руски писател.
1945 Кирил Преславскибугарски престолонаследник.
1949 Теодорос Нацинасгрчки просветен деец.
1950 Џорџ Бернард Шоанглиски писател.
1955 Освалд Евериамерикански молекуларен биолог.
1969 Борис Карлоф — англиски глумец.
1970 Бертранд Расел — англиски филозоф.
1974 Имре Лакатош — унгарски филозоф.
1983 Елена Каваева — лекар и учесник во Октомвриската социјалистичка револуција.
1995 Фред Пери — англиски тенисер.
2005 Макс Шлеминг — германски боксер, поранешен светски првак во тешка категорија.
2014 Филип Сејмур Хофманамерикански филмски глумец.
2022 Моника Вити — италијанска глумица.
2023 Јован Зизјулас — грчки теолог и Митрополит Пергамски на Вселенската патријаршија.

Празници:

Светски ден за заштита на водните живеалишта
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица