23 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

23 февруари — 54-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 311 денови до крајот на годината (312 во престапна).

Настани:

303 Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
1905 Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
1919 Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
1933 Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
1941 Откриен е плутониумот.
1945 Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1945 Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1947 Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
1967 Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.
1970 Британска Гвајана стекна независност.
1994 На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
1998 Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.

Родени:

1417 Павле IIримски папа.
1685 Георг Фридрих Хендл — германскo-англиски композитор.
1864 Крсте Златарев — бугарски генерал.
1867 Александар Протогеров — бугарски генерал.
1868 В.Е.Б. Дибаа — американски борец за човекови права.
1879 Казимир Малевич — руски и советски сликар.
1883 Карл Јасперс — германски филозоф.
1889 Виктор Флеминг — американски филмски режисер.
1940 Питер Фонда — американски глумец.
1944 Џони Винтер — американски музичар.
1954 Виктор Јушченко — претседател на Украина.
1958 Дејвид Силвиен — англиски музичар.
1961 Ивица Вдовиќ — југословенски рок-музичар.
1964 Зоран Русоманов — македонски одбојкар.
1988 Михал Кубијак — полски одбојкар.
1997 Џамал Мареј — канадски кошаркар.

Починале:

1447 Евгениј IVримски папа.
1792 Џошуа Рејнолдс — англиски сликар.
1824 Блазиус Мерем — германски зоолог.
1848 Џон Квинси Адамспретседател на САД.
1934 Едвард Елгар — англиски композитор.
1945 Алексеј Толстој — руски и советски писател.
1955 Пол Клодел — француски поет, драматург и дипломат.
1965 Стен Лорел — англиски глумец.
1979 Ќемал Ајдини — глумец во албанската драма при Театарот на народностите во Скопје.
2000 Стенли Метјус — англиски фудбалер.
2006 Телмо Зара — шпански фудбалер.
2007 Добрила Пуцкова — македонска глумица.
2021 Војкан Борисављевиќ — српски композитор.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица