9 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

9 февруари — 40-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 325 денови до крајот на годината (326 во престапна).

Настани:

1540 Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот.
1573 По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани.
1849 Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за република.
1861 Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1922 Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923 Основано советското државно воздухопловно претпријатие „Добролет“ кое во 1932 година го промени името во „Аерофлот“.
1943 Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1944 Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.
1945 Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1962 Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1995 Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1700 Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1867 Нацуме Сосеки — јапонски писател.
1874 Всеволд Меерхолд - руски и советски театарски режисер.
1928 Ринус Михелс — холандски фудбалер и тренер.
1931 Томас Бернхард — австриски писател.
1931 Јозеф Масопуст — чехословачки фудбалер.
1940 Џон Куци — јужноафрикански писател, добитник на Нобеловата награда во 2003 година.
1942 Керол Кинг — американска поп-музичарка.
1943 Џозеф Стиглиц — американски економист, добитник на Нобелова награда за економија во 2001 година.
1945 Миа Фароу — американска глумица.
1954 Кевин Ворик — британски научник.
1961 Горан Грбовиќ — српски и југословенски кошаркар.
1964 Ернесто Валверде — шпански фудбалер и тренер.
1965 Велимир Перасовиќ — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1966 Елен ван Ланге — холандска атлетичарка.
1982Андреја Ѓорѓиески — македонски пејач и член на дуото DNK.
1987 Давид Ланзафаме — италијански фудбалер.
1987 Јане Петровски — македонски кошаркар.
1990 Фјодор Смолов — руски фудбалер.
1993 Ватару Ендо —јапонски фудбалер.
1994 Милан Павков — српски фудбалер.
1995 Марио Пашалиќ — хрватски фудбалер.

Починале:

1587 Марија Стјуарт — кралица на Шкотска.
1640 Мурат IVотомански султан.
1675 Герит Дау — холандски сликар.
1881 Фјодор Михајлович Достоевски — руски писател.
1927 Чарлс Волкот — американски научник.
1944 Кирил Прличев — македонски револуционер.
1957 Павел Делирадев — бугарски општественик.
1977 Сергеј Владимирович Иљјушин — руски авио-конструктор.
1984 Јуриј Андропов — советски политичар.
1993 Мину Угриновска — македонска театарска глумица.
2015 Боба Стефановиќ — српски и југословенски пејач и композитор на забавна музика.
2018 Небојша Глоговац — српски глумец.
2024 Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can).


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица