1 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

1 февруари — 32-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).

Настани:

1883 Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887 Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924 Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1944 Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.
1946 Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996 Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
2003 Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 космонаути.

Родени:

1834 Кузман Шапкарев — македонски собирач на народни песни.
1884 Евгениј Замјатин — руски писател.
1894 Џон Форд — американски режисер и глумец (†1973)
1901 Кларк Гејбл — американски филмски глумец.
1915 Стенли Метјус — англиски фудбалер.
1920 Славка Фиданова — македонски првоборец.
1928 Ѓорѓи Мавродиев — македонски физичар.
1931 Борис Николаевич Елцинруски политичар (†2007).
1933 Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка (†2014).
1939 Екатерина Максимова — руска и советска балерина (†2009)
1948 Рик Џејмс — американски фанк-музичар.
1950 Зоран Калезиќ — српски пејач на народна музика.
1957 Мухамед Џамал Калифасаудиски претприемач и шура на Осама Бин Ладен.
1957 Џеки Шроф — индиjски глумец
1961 Антонио Митриќески — македонски филмски режисер.
1968 Витали Носов — руски и советски кошаркар.
1969 Габриел Батистутааргентински фудбалер.
1968 Оливер Бирхоф — германски фудбалер.
1971 Златко Захович — словенечки фудбалер.
1972 Кристијан Циге — германски фудбалер.
1979 Хуан — бразилски фудбалер.
1983 Јурген ван ден Брук — белгиски велосипедист.
1984 Дарен Флечер — шкотски фудбалер.

Починале:

1908 Милован Глишиќ — српски писател.
1914 Алберт Гинтер — германско-британски зоолог
1944 Пит Мондријан — холандски сликар и теоретичар.
1966 Бастер Китон — американски филмски глумец и режисер.
1987 Алесандро Блазети — италијански филмски режисер.
2012 Вислава Шимборскаполска поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература.
2020 Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица