24 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

24 септември — 267-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(268-и во престапна година). Остануваат 98 денови до крајот на годината.

Настани:

1706 Во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски.
1852 Францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап.
1905 Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хокон VII.
1908 Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.
1941 Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1993 Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство.

Родени:

1821 Ципријан Норвид — полски поет, драматург, сликар и вајар.
1884 Исмет Инени — турски премиер и претседател, основач на Републиканската народна партија.
1920 Зухо Џумхур — босански и југословенски писател и сликар.
1945 Владимир Глигоров — македонски економист.
1949 Педро Алмодовар — шпански режисер и сценарист.
1954 Марко Тардели — италијански фудбалер.
1980 Џон Арне Рисе — норвешки фудбалер.
1981 Игор Крајчев — македонски писател и поет.
1982 Стеф Клемент — холандски велосипедист.
1999 Елиф Елмас — македонски фудбалер.

Починале:

768 Пипин Малиот — француски крал, прв монарх од династијата Каролинзи.
1735 Петр Брандл — чешки сликар.
1813 Андре Модест Гретри — француски композитор и музички писател од белгиско потекло.
1835 Винченцо Белинииталијански оперски композитор.
2004 Франсоаз Саган — француска писателка.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица