2 август

датум

2 август — 214 ден во годината според грегоријанскиот календар(215 во престапна година).Остануваат 151 денови до крајот на годината.

<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024
Монета со ликот на Филип II Македонски

Настани:

338 п.н.е. Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над здружените сили на Атина и Теба.
219 п.н.е. Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска.
1903 Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаниште, Мариовско.
1941 Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели.
1941 На бугарско-италијанската демаркациона линија карабињетите ги уапсиле членовите на месниот комитет на КПЈ за Тетово при нивното враќање од Скопје.
1942 Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи.
1943 Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на подготовки за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта.
1944 Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
1991 Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.

Родени:

1696 Махмуд Iотомански султан.
1876 Александар Белиќ — македонист и филолог.
1923 Ајк Вилијамс — американски боксер.
1924 Џејмс Болдвин — американски писател.
1926 Евдокија Фотева - Вера — македонска револуционерка.
1934 Александар Стојановиќ — македонски балетан.
1932 Питер О'Тул — ирски глумец.
1939 Вес Крејвен — американски филмски режисер, еден од татковците на современиот хорор-филм.
1940 Коле Мангов — македонски поет и публицист.
1942 Изабел Аљендечилеанска писателка.
1943 Љерка Тот - Наумова — македонски поет и преведувач.
1949 Беј Дао — кинески поет, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
1952 Ален Жирес — француски фудбалер.
1957 Анхел Херера Вера — кубански боксер.
1965 Рефик Шабанаџовиќ — босански и југословенски фудбалер.
1968 Штефан Ефенберг — германски фудбалер.
1969 Фернандо Коуто — португалски фудбалер.
1976 Сем Вортингтон — австралиски глумец.
1989 Матео Трентин — италијански велосипедист.
1989 Насер Чадли — белгиски фудбалер.
1994 Бруно Мендес — бразилски фудбалер.

Починале:

640 Северинримски папа.
686 Јован V — римски папа.
1589 Анри IIIкрал на Франција.
1667 Франческо Боромини — истакнат италијански барокен архитект.
1788 Томас Гејнсборо — познат англиски портретист и пејзажист.
1911 Апостол Петков — македонски револуционер.
1921 Енрико Карузоиталијански тенор, еден од најголемите оперски пејачи во историјата.
1922 Александар Греам Белшкотски иноватор, изумител на телефонот.
1934 Паул фон Хинденбург — германски маршал и државник.
1944 Никола Кордоски — македонски партизан.
1962 Никола Киров Мајски — македонски писател.
1963 Ѓорѓи Абаџиев — македонски писател.
1973 Жан-Пјер Мелвил — француски режисер и глумец.
1976 Фриц Лангавстриски филмски режисер.
1996 Обдулио Варела — уругвајски фудбалер.
1997 Вилијам Бароуз — американски писател.
2009 Георги Василевски — македонски филмски критичар.

Празници:

 Македонија: ИлинденДен на Републиката.
 Христијански празник на пророкот Св. Илија.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица